×
Skopje Design Week 2015

26 - 29 November - 50 Divizija 22, Skopje

ИНТУИЦИЈА И ПЕРЦЕПЦИЈА,

КЛУЧЕН ФАКТОР ВО КРЕИРАЊЕ ТЕНДЕНЦИИ

Дата: 28-ми ноември 2015

Време: 15:00 – 16:00

Место: Јавна соба – центар за дизајн и иновации

Презентер: Лидија Георгиева, дизајнер

Јазик: македонски

Влез: слободен

Опис на предавањето

Како настанува тенденција, продукт, колекција?
Презентација и анализа на креативниот процес, применлив во сите области на дизајнот.
Јазикот на рекламните кампањи.

Предавач/презентер: ЛИДИЈА ГЕОРГИЕВА

Лидија Георгиева дипломирала Моден Дизајн на Париската школа за применети уметности Дипере, со стипендија од Француската Влада и препорака од господинот Кристијан Лакроа. Воедно е и магистер на ликовни уметноси на ФЛУ, Скопје. Во текот на студиите, освои прва награда на Европскиот натпревар за млади дизајнери во Париз. Работела како дизајнер во Рошас, Пјер Балман и други реномирани модни куќи во Франција. Својот бренд го лансира кон крајот на 1999, веднаш презентирајќи ја нејзината работа во дизајнерски бутици во Франција, Британија, Италија, Јапонија и Америка. Уште од самиот почеток брендот има подршка од интернационалниот печат, како на пример: Ле Монд, Жалуз, Нумеро, Ел, Космополитен, Вог. Нејзините креации се носени на Канскиот филмски фестивал и други големи настани од познати модели, глумици, модни новинари и поп звезди, меѓу кои и Мадона. Во 2012 ја презентира нејзината прва Хоум колекција, под брендот LG4SMART, како резултат на соработка со архитектонското дизајн студио Смарт Ливинг. Се состои од уникатни предмети за домот во фузија со нејзините етаблирани одпечатоци. Моментално, Лидија Георгиева е вонреден професор на ТМФ, УКИМ и работи како колумнист за дизајн при месечниот магазин Економија и Бизнис.

 

Ве очекуваме!


INTUITION AND PERCEPTION,

KEY FACTOR IN CREATING TRENDS

Date: 28 November 2015

Time: 15:00 - 16:00

Venue: Public Room – Center for design and innovation

Lecturer: Lidija Georgieva, designer

Language: Macedonian

Entry: Free

Lecture description

Тhe emerging process of trends, product, collection?
Presentation and analysis of the creative process, applicable in all areas of design.
The language of advertising.

Lecturer: LIDIJA GEORGIEVA

Lidija Georgieva graduated in Fashion design at the Parisian School of Applied Arts Duperré, with a French scholarship and a recommendation from M. Christian Lacroix. Also holds a Master`s degree in Graphic Arts. During her studies, she won the European Contest of Young Designers Award in Paris. She has been working as a designer for Rochas, Pierre Balmain and other well known companies in France. Lidiya Georgieva started her own label by the end of 1999, immediately presenting her work in designer shops in France, UK, Italy, Japan and USA. From the very beginning the label had the support from the international press such as: Le Monde, Jalouse, Numero, Elle, Cosmopolitain, Vogue. Her creations have been worn on the Cannes Film Festival and other major occasions by known models, actresses, pop singers like Madonna and fashion journalists. In 2012 she presented her first Home collection, under the brand LG4SMART, as a cooperation with the architectural design studio Smart Living. It is consisted of one of a kind home design objects, in fusion with her established print designs. At the present she is also teaching design at the University of St. Cyril and Methodius in Skopje and works as a columnist for the monthly magazine Ekonomija I Biznis.

 

We hope to see you soon!