×
Skopje Design Week 2015

26 - 29 November - 50 Divizija 22, Skopje

КАПЕЛА ЗА ПРИРОДАТА

Дата: 28-ми ноември 2015

Време: 14:00 – 15:00

Место: Јавна соба – центар за дизајн и иновации

Презентер: Д-р. Бојан Каранаков, архитект

Јазик: македонски

Влез: слободен

Опис на предавањето

Секоја година во последните 24 години интернационалната Летна школа по архитектура е организирана од Архитектонскиот факултет  - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и традиционално се одржува во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“. Во 2014-та гостин тутор на Летната Школа беше светски познатиот архитект од Финска Сами Ринтала. Тој предложи „Капела за природата“ да биде работилница во која ќе се проектира и гради и во која 36 студенти и 4 тутори ќе разговараат, проектираат и изградат мала соба за мала група на луѓе кои ќе се насочат / ќе ја почитуваат / ќе ја слават убавината на природата.
Во блиската шума над манастирскиот конак, изградивме вид на капела без директна религиозна намена; повеќе како универзална „училница“, повеќе наменета за набљудување, повеќе социјална по карактер, едновремено со духовна атмосфера.

 

 

Главниот фокус беше на врамувањето на погледите, природната светлина, местоположбата во пејзажот, употребата на материјалот... На кој начин дождот паѓа и сонцето заоѓа, ветрот дува и дрвјата брануваат станаа проектантски проблеми во процесот на создавање на мал прочистувачки простор каде човекот и природата ќе се најдат во рамнотежа. Со пропуштање на природата внатре, дури и мали животни би можеле да се населат во и околу неа. Можеби тие постепено ќе го разградат самиот објект, или растенијата ќе го прекријат...
Интенцијата на оваа презентација е да го промовира проектанскиот процес и изградбата на Капелата за природата како позитивна пракса и како специфична методологија на учење архитектура.

Предавач/презентер: Д-р Бојан Каранаков архитект

Доцент на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Тој е JFDP alumnus е доктор на технички науки од областа на архитектурата и урбанизмот. Негово главно поле на интерес се графичките комуникации и компјутерските апликации во архитектурата. Неговите истражувања, бројни публикации и изложби покриваат голем број теми поврзани со урбаните трансформации, пристапноста, одржливиот урбан развој, компјутерските апликации во архитектурата, графичките комуникации итн. Тој е активен промотор на употребата на нови техники и технологии во проектантскиот процес на архитектите и урбанистите.

 

Ве очекуваме!


CHAPEL FOR NATURE

Date: 28 November 2015

Time: 14:00 - 15:00

Venue: Public Room – Center for design and innovation

Lecturer: Bojan Karanakov PhD architect

Language: Macedonian

Entry: Free

Lecture description

Every year in the last 24 years the International Summer School of Architecture is organized by the University “Ss Cyril & Methodius” Faculty of Architecture –Skopje and is traditionally held in the Monastery “St. Joachim Osogovski”. In 2014 the Summer School’s guest tutor was the worldly renowned architect from Finland Sami Rintala. He proposed ‘Chapel for Nature’ as a design-build workshop where 36 students and 4 tutors discussed, designed and built a small room for a small group of people to come together and focus/ respect/ praise the beauty of nature.
In the nearby forest above the monastery we’ve built a kind of side chapel with no direct religious goal yet more universal ‘classroom’, more functional for observation, more social in character yet spiritual in atmosphere.

 

 

 

Main focus was in framing the views, natural light, positioning in the landscape, use of material… How rain and sun fall and winds blow and trees wave in it became design problems in the process of creating a small filtering space where man and nature might feel in balance. Letting nature inside meant letting smaller animals live in / around it with a possibility that they even slowly eat the installation away, and plants cover it…
The intention of this presentation is to promote the design process and the building of the Chapel for Nature as positive practice as well as a specific methodology of teaching and learning architecture.

Lecturer: Bojan Karanakov PhD architect

Assistant Professor at the Faculty of Architecture, University “Ss. Cyril & Methodius” in Skopje. He is a JFDP alumnus and holds a PhD in Architecture and Urbanism. Main fields of his professional interest are graphic communication and computer applications in architecture. His research, numerous publications and exhibitions cover a vast number of topics related to urban transformation, accessibility, sustainable urban development, computer applications in architecture, visual communication etc. He is an active promotor of the implementation of new techniques and technologies in the design process of architects and urbanists.

 

We hope to see you soon!