×
Skopje Design Week 2015

26 - 29 November - 50 Divizija 22, Skopje

Фотографија за 2 часа!

Дата: 28. и 29. ноември 2015

Време: 12:00 – 14:00ч ( двата дена)

Место: Јавна соба – центар за дизајн и иновации

Ментори: Сашо Алушевски и Татјана Ранташа

Јазик: македонски

Влез: слободен

Регистрација: задолжителна Симни Пријава

Рок за испраќање пријава: 25. ноември 2015

Опис на работилницата

Во денешно време скоро сите фотографираме, но, дел од нас магијата на фотографијата ги привлекувa малку повеќе од останатите. Доколку сметате дека го имате тоа во себе, и сте на возраст од 10 до 16 години, ова е можност за кусо време, на единствен начин, да значајно ja унапредите вашaта фотографска вештина. Без разлика дали поседувате скап и голем фотоапарат или фотографирате со мобилен телефон, на оваа работилница донесете го вашиот омилен фото уред и низ практични примери ќе имате можност да навлезете во тајните на фотографијата и веќе од следниот ден да правите подобри фотографии!

Ментор: Сашо Алушевски

Автор на голем број образовни програми, прирачници и обуки, кои се користеле или користат во земјава и во странство. Скоро дваесет години работи во формалното и особено во неформалното образование со најразлични возрасти и групи. Актуелен претседател на ФК Елема, со фотографија се бави над петнаесет години. Изложувал на многубројни изложби во земјава и во странство, на кои често добивал и награди. Фотографира најмногу концептуална фотографија, театар и концерти. Голем дел од тие фотографии можат да се видат на www.plagij.at каде и редовно објавува текстови. Дел е од креативниот тим на фестивалот МакеДокс. Активно и гордо волонтира на најразлични сајтови, програми, акции.
hakfin@plagij.at

Ментор: Татјана Ранташа

Со фотографија се занимава повеќе од петнаесет години со најголемо искуство на полето на сценската фотографија. Се појавила како официјален фотограф на Литиум рекордс, Авалон, Универзална сала, Десонанц фестивал, МКЦ, Оффест, а најчесто фотографира за независниот интернет магазин за култура www.plagij.at кој го раководи. Редовно учествува и е наградувана на домашни и меѓународни изложби. Досега организирала неколку изложби, a дел од нејзините фотографии можат да се најдат во монографијата 30 години Скопје Џез Фестивал. Активен член е на ФК Елема. Во процепот помеѓу фотографирањата, се занимава со изработка на накит.
tatjana.rantasha@gmail.com

 

Ве очекуваме!


Photography in 2 hours

Date: 28 and 29 November, 2015

Time: 12:00 – 14:00h (both days)

Venue: Public Room – Center for design and innovation

Mentors: Sasho Alushevski and Tatjana Rantasha

Language: Macedonian

Entry: Free

Registration: Obligatory DOWNLOAD APPLICATION FORM

Registration Deadline: 25 November, 2015

Workshop description

In these days almost everybody takes photos, but, some of us are little bit more attracted to the magic of the photography. If you have it in you, and are between 10 to 16 years old, this is an opportunity for a short time, in a unique way, to improve your photographic skills in substantial manner. No matter if you own expensive camera or you take photos with your mobile device, bring it at this workshop and trough practical examples explore the secrets of photography, so to become better photographer!

Mentor: Sasho Alushevski

Author of numerous educational programs, manuals and trainings that are used in Macedonia and abroad. Almost twenty years is working in formal and especially informal education with different ages and groups.
Current president of PC Elema, being active in photography over fifteen years, exhibiting in various national and international exhibitions, where often was awarded. His work is mostly around concepts, theater and concerts. Immense chunk of his work can be seen at www.plagij.at where publishes texts as well. Part of the creative team of the MakeDox festival. Active and proud of it volunteer at many web sites, programs, actions.
hakfin@plagij.at

Mentor: Tatjana Rantasha

More than fifteen years of active experience in photography, mostly of stage photography. Throughout the years she has been the official photographer for Lithium Records, Avalon, Universal Hall, Desonanz Festival, MKC, OffFest and is the main photographer and in charge of the independent web magazine for culture www.plagij.at. On a regular basis she participates, and has been awarded in national and international exhibitions. So far she organized several exhibitions and her photographs can be found in the monograph “30 years Skopje Jazz Festival”. An active member of Photo club Elema. Among other things she makes excellent handmade jewelry.
tatjana.rantasha@gmail.com

 

We hope to see you soon!