mobirise.com

Отворен повик за учесници на
Skopje Design Week 2019
27. ноември - 01. декември



ШТО ЌЕ ИМА НА SKOPJE DESIGN WEEK?
Деветтото издание на SKOPJE DESIGN WEEK ќе ги претстави најновите достигнувања на производните компании, дизајнерите и дизајн студијата од Балканските земји.
Учествуваат Artisan, Gazzda, Zanat, GIR, Grupa и уште многу други успешни и светски познати брендови од Балканот.

КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 15.10.2019


КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?
Компании, дизајнери, дизајн студија и неформални групи кои сакаат да ги претстават своите нови производи или прототипови.


ШТО МОЖЕ ДА СЕ ИЗЛОЖУВА?
Mоже да се пријават следните типови производи:
• мебел
• осветлување
• елементи за ентериер
• секојдневни предмети
• аксесоари за домот
• производи и инстлации од рециклирани материјали
• моднa и спортскa облека и аксесоари
• алати, уреди и опремa
• амбалажи
Организаторот ќе даде приoритет на производите и прототиповите чија цел е подобрување на начинот на живот и работа, користат локално достапни материјали и технологии, имаат избалансирани трошоци за производство, ги следат критериумите за еколошки производни процеси, самите производи или нивните амбалажи се рециклираат и се економични.


КОИ СЕ ПРИДОБИВКИ ОД УЧЕСТВОТО?
Учесниците на Skopje Design Week 2019 добиваат:
• Изложба во Public Room и промоција во медиуми, на социјални мрежи, официјален вебсајт на фестивалот и неделен билтен на организаторот.
• Печатен и дигитален каталог од Skopje Design Week 2019.
• Слободен влез за сите работилници и презентации за време на фестивалот.


КОЛКУ ЧИНИ ДА СЕ УЧЕСТВУВА?
Изложбен простор од 15м2 = 24.500 МКД


ШТО Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ИСПРАТИ И КАКО?
Секој кандидат треба да испрати:
• Формулар за пријавување на SDW 2019 (кликни тука за да го преземеш)
• Фотографии и технички цртежи од производите или прототиповите кои сака да ги изложи
• Портфолио на компанијата / дизајнерот/ студиото

Сите фајлови треба да се испратат преку www.wetransfer.com на info@publicroom.org , со наслов „ПРИЈАВА за SDW 2019”. Организаторот ќе испрати потврда за добиените материјали.
** Доколку не добиете потврда во рок од 24ч. потребно е да ги испратите повторно или да нѐ контактирате на info@publicroom.org
Организаторот ги советува сите заинтересирани кандидати да не ги чекаат крајните рокови за аплицирање.


ШТО ВСУШНОСТ Е SKOPJE DESIGN WEEK?
Skopje Design Week e мултидисциплинарна платформа која става акцент на дизајнот, ги афирмира креативните индустрии во регионот и стимулира креирање на подобар бизнис преку развивање на креативниот потенцијал. Идејата позади овој интернационален фестивал е да стимулира одржлив развој во бизнисите преку дизајнот и иновациите, креирајќи платформа за експериментирање, промоција, вмрежување како и хоризонтална и вертикална соработка.
Севкупната програма на SDW е амбициозен микс од иновативни дисциплини, која ги претставува најновите достигнувања во полето на продукт дизајнот, модата, дизајнот на накит, музиката, гастрономијата и бизнисите воопшто.
Се претставуваат производи кои се привлечни и достапни, со висока естетика и функционалност, дизајнрани од млади и просперитетни дизајнери, дизајн студија и компании од цела Европа.


КАДЕ?
Public Room – Центар за дизајн и иновации


КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЈАТ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ?
info@publicroom.org


КОЈ Е ОРГАНИЗАТОР НА ФЕСТИВАЛОТ?
Public Room Skopje
www.publicroom.org


ПРЕВЗЕМЕТЕ ГО ФОРМУЛАРОТ ЗА АПЛИКАЦИЈА
линк