Работилница за Декор

Мондриан Европорц - Отворен повик за дизајнери

Формулар за пријавување

ПРЕВЗЕМАЊЕ

Тема:Дизајнерски решенија за декорација на порцеланска чинија, шолја за кафе и емајлиран лонец

РАБОТИЛНИЦАТА ЗА ДЕКОР е наменета за млади дизајнери на SDW, а организирана од Мондриан Групација, увозник и застапник на кујнски асортиман и други додатоци за домаќинствата и угостителството (www.mondrian.com.mk). Групацијата навлегува во производство на сопствени дизајни и нивен пласман ширум регионот и подалеку. Цел на работилницата е да се осмисли декорација согласно потребите на современиот европски пазар. Микле Спасовски од Мондриан, како водител на работилницата, ќе ги презентира пазарните трендови, техниките на апликација на декорацијата на порцелански садови и ќе покаже примери на декори што добро минуваат на пазарот, давајќи јасни инструкции за барањата во различните категории.
Во тек на работилницата ќе се решаваат три конкретни задачи – декорација за плитка тркалезна чинија, декорација за шолја за кафе и декорација за емајлиран лонец. Работилницата нема натпреварувачки карактер и ќе нема рангирање; организаторот е подготвен да ги откупи сите решенија што ги задоволуваат критериумите и да организира нивно производство. Компанијата планира тесно и долгорочно да соработува со надежни дизјанери, за да им помогне да развијат специјалистички вештини за дизајн на садови и есцајг, за подоцна да ги пласира на регионалниот и меѓународниот пазар.
За повеќе информации: contact@publicroom.org

За МОНДРИАН
Мондриан Групација е составена од повеќе фирми: Мондриан – Македонија. Европорц – Македонија, Мондриан – Србија и, во фаза на основање, Мондриан - Словенија. Компанијата првенствено се занимава со трговија, меѓународно застапништво и посредување, како и организирање производство во Индија и Кина. Во асортиманот поседува 55 бренда и вкупно 7.000 артикли - 4.000 артикли за домаќинство и 3.000 артикли HORECA (Hotel, Restuarant, Cafe). Меѓу артиклите се застапени стаклени производи, кристал, огнеотпорно стакло, порцелански артикли, керамички артикли, инокс тенџериња, инокс есцајг, разни типови на ножеви, нон - стик тефлонски артикли, емајлирани производи, артикли од пластика, артикли од аркопал, како и ситна галантериска стока за домаќинство и угостителство.
Последниве години, групацијата става акцент врз развојот на формата на артиклите, нивната завршна обработка, квалитетот на gift box и, пред се‘, дизајн и декорација на артиклите.


Пријавување:

Пополнетиот формулар за пријавување пратете го на contact@publicroom.org

Време и место на одржување
28 септември, 16:00 часот, Куршумли Ан, Стара чаршија, Скопје

Предавач:
Микле Спасовски

Контакт:
За дополнителни информации Ве молиме обратете се на:
00389 (0) 71 390 147
contact@publicroom.org

Ве очекуваме!

Décor WORKSHOP

Mondrian Evroporc - Open Call for Designers

Аpplication form

DOWNLOAD

Topic: Design Solutions for household porcelain, glassware and enamel


DÉCOR WORKSHOP is a workshop for young designers on SDW, organized by Mondrian EVROPORC, an importer and wholesaler of household and hospitality industry kitchenware and home accessories (www.mondrian.com.mk).
The company is branching out into producing its own designs and marketing them across the region and beyond. The workshop’s aim is to produce décor according to the needs of today’s European market. Mikle Spasovski of Mondrian, as the workshop facilitator, will present market trends, techniques of applying décor to porcelain, and will show examples of bestsellers and give clear instructions on the requirements in the respective categories.
There will be three specific tasks during the workshop – décor for a dinner plate, décor for a coffee mug and décor for an enamel pot. The workshop is non-competitive – there will be no ranking, but the management will buy all décor designs that meet the requirements and put them into production. The company is willing to work closely and on a long-term basis with promising designers to develop their specialist skills in design of crockery, kitchenware and utensils, and to market their designs regionally and internationally.

For more information: contact@publicroom.org




About MONDRIAN
Mondrian Group comprises several companies: Mondrian – Macedonia, Evroporc – Macedonia, Mondrian – Serbia, and Mondrian – Slovenia as a new development. Its main activities are trade, international dealership and organizing production in India and China. Mondrian represents 55 brands and 7000 articles – 4000 household articles and 3000 HO.RE.CA (Hotel, Restuarant, Cafe) articles. It deals in glassware, crystal ware, heat resistant glassware, porcelain, ceramic ware, Inox pots and cuttlery, various types of knives, non-stick teflon, enamelware, arcopal, plasticware and various home accessories. In the recent years, the company is developing towards producing its own designs, placing special emphasis on the quality of products and packaging, and, most importantly, design and décor.





Application:
Send the filled application form to contact@publicroom.org


Time and place:
28 September, 16:00 hour, Kurshumli An, Old Bazaar, Skopje

Lecturer:
Mikle Spasovski

Contact:
For additional information you can contact:
00389 (0) 71 390 147
contact@publicroom.org

We hope to see you soon!

Sections

image Miscellaneous
image Young and Dutch
image Young Balkan Designers

Friends of Skopje Design Week

Slider.