Работилница по

моден дизајн

Датум: 2 октомври
Време: 14:00 ч
Mесто: Куршумли Ан, Стара чаршија, Скопје

Формат: ОТВОРЕН
Организатор: Факултет за дизајн
и Мултимедија, ФОН Универзитет

Работилницата ќе ја водат Доц. м-р Александар Ношпал и
Доц. м-р Елена Вангеловска

Работилницата за моден дизајн претставува еден вид вовед во основните истражувачко-дизајнерски техники и нивна примена и реализација до финален производ. Таа има за цел да им ги открие на младите надежни и талентирани дизајнери тајните и основните начини на концептуално размислување и негова апликација во областа на модното дизајнирање.
Работилницата е наменета за за сите средношколци и перспективни модни дизајнери кои имаат одредени афинитети кон уметноста, кои сакаат да бидат најдобри идни модни дизајнери во регионот и Европа.
Темата на работилницата ќе биде дизајнирање на современи и атрактивни костими за триото/квартет Вирус, притоа следејќи го нивниот стил, музички правец и севкупната сценска и индивидуална естетика, применета врз зададена телесна и карактерна форма и линија. Учесниците во работилницата ќе имаат можност да ги искусат најосновните дизајнерски истражувачки методи, со цел да дојдат до финален производ. Најуспешното решение ќе биде изработено во модното атеље на ФДМ при ФОН Универзитет, а под менторство на двајцата горенаведени професори и демонстратори на оваа работилница.

Бројот на учесници е ограничен а регистрацијата е задолжителна.


Пријавувањето е задолжително

Регистацијата се врши по електронcки пат со испраќање на Вашитe генералии на info@plakart.eu .
- Име
- Презиме
- Email
- Телефонски број


За повеќе инфомации можете да се обратите кај:
Лазе Трипков
е-пошта: info@plakart.eu

Ве очекуваме!

Fashion Design Workshop


Date: 2 October
Time: 14:00 h
Venue: Kurshumli An, Old Bazaar, Skopje

Format: OPEN
Organizer:Faculty of Design and Multimedia, FON University

Workshop facilitators are Assistant professor Aleksandar Nochpal, MA and Assistant Professor Elena Angelovska, MA

The fashion design workshop will present an introduction into the basic research-design techniques and their application and implementation to make the final product. Its purpose is to discover the secrets of conceptual thinking and its application in the area of fashion design to young aspiring and talented designers.
The workshop is focusing on fashion-forward secondary school students and aspiring fashion designers, with art affinities, who want to become the best future fashion artists in the region and Europe.
The theme for the workshop will be design of contemporary and attractive stage attire for the trio/quartet Virus, following their style, music orientation and overall stage and individual aesthetics, applied on the actual bodily and character shape and line. Participants in the workshop will experience basic designer research methods, in order to develop the final product. The most successful solution will be produced in the fashion atelier of Faculty for Design and Fashion at FON University, under the mentorship of the two aforementioned professors, working as facilitators of this workshop.


The number of seats is limited and therefore the registration is obligatory.


Registration is obligatory

You can register by sending the following info to info@plakart.eu
- Your name
- Your surname
- Email
- Telephone number

 

For more informations you can contact:
Laze Tripkov
е-mail: info@plakart.eu

We hope to see you soon!

Sections

image Young and Dutch
image Young Balkan Designers
image Miscellaneous

Friends of Skopje Design Week

Slider.