Министерство за

задоволство

Работно време: 12:00 - 14:00 ч
Период: 28 септември – 2 октомври
Локација: Куршумли Ан, Скопје
Контакт: Јасна Шоптрајанова, Министерка
Нека не ве збунува играта со зборови – да, навистина станува збор за задоволство. Само, можеби се работи за поинаков, подлабок вид задоволство. Наместо вулгарното конзумеристичко однесување - инстант платени, инстант проголтани, уште побргу заборавени и заменети тривијални производи, по околу нас – тој се нарекува создавање, креација, креативност.
Иако се чини како изумрен вид, задоволството на осмислување идеја, на нејзино оживотворување со сопствени раце, на купување на предмет за да го сакаш, да го реконтекстуализираш, да го посвоиш – се‘ уште постои - и гордо крева глава!
Министерството за задоволство е нова платформа којашто го обединува меѓународниот креативен сектор. Во моментов, таа постои онлајн, но наскоро ќе добие и физички простор. Таа не се ограничува на поврзаноста со секторот на уметност и дизајн, туку се разгранува и кон бизнис секторот (насочувајќи се особено кон компании во нашиот регион) и образованието за креативни индустрии, обединувајќи ги и поврзувајќи ги меѓусебно.
Идејата зад Министерството за задоволство е тоа да стане платформа за прикажување на делата на младите и етаблираните уметници, дизајнери, архитекти ... како и платформа посветена на промоција на најновите и најинтересните новини, написи и дискусии за современата уметност и дизајн.
Министерствата постојат за да им служат на граѓаните, а ова министерство ќе служи на бројни професионалци кои можат да разменуваат и извезуваат квалитетен дизајн. Особено им помага на младите дизајнери, за тие да не губат скапоцено време и енергија додека да сфатат како фунцкионираат односите со бизнис секторот, кому и како да пристапат и како да бидат забележани.

ОТВОРЕН ПОВИК
Во тек на Неделата на дизајнот во Скопје, платформата Министерство за задоволство ќе ги основа своите сектори. На пример, ќе има Сектор за врева (музичка сцена), Сектор за бистрономија (храна што е празник за очите и непцата), Сектор за сензуалност (кај неупатените познат како Мода) ... Бараме раководители на сектори и одделенија и државни службеници кои ќе работат во Министерството. Дизајнери, архитекти, ликовни и применети уметници, креативни директори, актери, музичари, директори, бизнисмени, застапници на интелектуални права ... како и сите кои ја осознале својата патека во животот читајќи го овој оглас, се добредојдени да се приклучат и да ги изложат своите идеи. Секторите треба да се создадат и зафатат. Па, нека не‘ води Силата – силата што сами ја креираме.


РАБОТНО ВРЕМЕ:
Министерството за задоволство работи со странки меѓу 12:00 и 14:00 часот, од 29. септември до 2 октомври, во подрачната единица на Неделата на дизајнот во Скопје, во Куршумли ан.

MINISTRY of PLEASURE



Working hours: 12:00 to 14:00 h
Period: 29 September – 2 October
Address: Kurshumli An, Skopje
Contact: Ms. Jasna Soptrajanova – Minister
Do not be confused by the word-play: it is about pleasure, indeed. Only, it might be a different, and a more profound kind. Instead of consumerist, instantly paid and devoured, instantly forgotten and replaced, there is another kind of interaction with the world around us – it is called creation, creativity.
Although it seems extinct, the pleasure of conceiving an idea in one’s mind, of bringing it to life with one’s one hands, of buying and object to love it, to re-contextualize it and make it one’s own, still exists – and it is ready to roar!
Ministry of Pleasure is a new platform uniting the international creative sector. It exists online now, and will soon be established in a physical space. It does not limit itself to the connections in the art and design sector, but it branches out towards business sector (targeting particularly companies in our region) and the education for creative industries, bringing them all together and interlinking them.
The idea behind the Ministry of Pleasure is to make it an international platform showcasing the work of emerging and established artists, designers and architects and a platform dedicated to providing the latest and most interesting news, articles and discussions on contemporary art and design. A Ministry is here to serve, and this one will serve a large number of professionals who can trade and make acquisition of quality design. It helps especially young designers who waste enormous time and energy till they figure out how the relationships with the business sector are done, where and how to approach, and how to become noticed.






OPEN CALL
During the Skopje Design Week the platform Ministry of Pleasure will establish its departments. There will be a Department of Noise (music scene), Department of Bistronomy (food that is a fest to the eyes and the palate), Department of Sensuality (mere Fashion, to the uninitiated). We are looking for Heads of Departments and Sectors and for civil servants who will populate the staff. Designers, Architects, Fine Artists, Artisans, Creative Directors, Actors, Musicians, Directors, Businesspersons, Intellectual Property Lawyers … and those who realized what their true calling is just now, reading this ad, are all welcome to join and present their ideas. The Departments are there for the making and for the taking. And may the force be with us – the force that we will create ourselves.



WORKING HOURS:
Ministry of Pleasure is open between 12:00 and 14:00 h from 29 September to 2 October, in its regional branch office at Skopje Design Week, at Kurshumli An, Skopje.

Sections

image Miscellaneous
image Young and Dutch
image Young Balkan Designers

Friends of Skopje Design Week

Slider.