Décor Workshop by

Mondrian Evroporc

In cooperation with Mondrian EVROPORC , Skopje Design Week is launching an open call for design of porcelain and glass decoration for a specific market.

Отворен Повик за Дизајнери


Тема:Дизајнерски решенија за декорација на порцеланска чинија, шолја за кафе и емајлиран лонец
РАБОТИЛНИЦАТА ЗА ДЕКОР е наменета за млади дизајнери на SDW, а организирана од Мондриан Групација, увозник и застапник на кујнски асортиман и други додатоци за домаќинствата и угостителството (www.mondrian.com.mk). Групацијата навлегува во производство на сопствени дизајни и нивен пласман ширум регионот и подалеку. Цел на работилницата е да се осмисли декорација согласно потребите на современиот европски пазар. Микле Спасовски од Мондриан, како водител на работилницата, ќе ги презентира пазарните трендови, техниките на апликација на декорацијата на порцелански садови и ќе покаже примери на декори што добро минуваат на пазарот, давајќи јасни инструкции за барањата во различните категории.
Во тек на работилницата ќе се решаваат три конкретни задачи – декорација за плитка тркалезна чинија, декорација за шолја за кафе и декорација за емајлиран лонец. Работилницата нема натпреварувачки карактер и ќе нема рангирање; организаторот е подготвен да ги откупи сите решенија што ги задоволуваат критериумите и да организира нивно производство. Компанијата планира тесно и долгорочно да соработува со надежни дизјанери, за да им помогне да развијат специјалистички вештини за дизајн на садови и есцајг, за подоцна да ги пласира на регионалниот и меѓународниот пазар.
За повеќе информации:contact@publicroom.org


Пријавување:

Пополнетиот формулар за пријавуање пратете го на contact@publicroom.org

Време и место на одржување
28 септември, 16:00 часот, Куршумли Ан, Стара чаршија, Скопје

Предавач:
Микле Спасовски

Контакт:
За дополнителни информации Ве молиме обратете се на:
00389 (0) 71 390 147
contact@publicroom.org

Ве очекуваме!

Open Call For Designers


Topic: Design Solutions for household porcelain, glassware and enamel

DÉCOR WORKSHOP is a workshop for young designers on SDW, organized by Mondrian EVROPORC, an importer and wholesaler of household and hospitality industry kitchenware and home accessories (www.mondrian.com.mk).
The company is branching out into producing its own designs and marketing them across the region and beyond. The workshop’s aim is to produce décor according to the needs of today’s European market. Mikle Spasovski of Mondrian, as the workshop facilitator, will present market trends, techniques of applying décor to porcelain, and will show examples of bestsellers and give clear instructions on the requirements in the respective categories.
There will be three specific tasks during the workshop – décor for a dinner plate, décor for a coffee mug and décor for an enamel pot. The workshop is non-competitive – there will be no ranking, but the management will buy all décor designs that meet the requirements and put them into production. The company is willing to work closely and on a long-term basis with promising designers to develop their specialist skills in design of crockery, kitchenware and utensils, and to market their designs regionally and internationally.
For more information: contact@publicroom.org






Application:
Send the filled application Form to contact@publicroom.org


Time and place:
28 September, 16:00 hour, Kurshumli An, Old Bazaar, Skopje

Lecturer:
Mikle Spasovski

Contact:
For additional information you can contact:
00389 (0) 71 390 147
contact@publicroom.org

We hope to see you soon!
Developed by:
image image image
Friends of Skopje Design Week

Slider.