ОТВОРЕН ПОВИК ЗА

ВОЛОНТЕРИ НА SDW


На прагот на реализација на една од најкреативните иницијативи, прв настан кој ги обединува креативноста, бизнисот и образованието во Скопје која има цел да вметне нови идеи, размислувања и стимулира соработка на повеќе нивоa, Skopje Design Week има потреба од млади, енергични и дружељубиви волонтери кои имаат желба да oсознаат новитети, да се дружат со дизајнери од други земји и бидат дел од овој интернационален концепт.

Од волонтерот се очекува да има интерес за дизајнот и сродните области и разбирање на други култури.
Волонтерскиот ангажман е предвиден во период 24 септември – 3 октомври, притоа водејќи сметка дека самиот фестивал ќе биде реализиран во период 28 септември – 2 октомври.

SDW за секој волонтер обезбедува:
• Надомест за користење на јавен транспорт (автобус, воз)
• Оброк на локација
• 2 купона за пијалок
• Маица SDW
• Сертификат SDW (сертификатот се добива со минимум 5 одработени смени)
• Незаборавни искуства, моменти, дружење и забава
• Промоција на нашата веб страна

SDW не одредува старосна граница, ниту врши полова или расна дискриминација. Сите кои се чуствуваат енергично и сметаат дека можат да бидат дел од интернационално друштво и комуникација, а притоа да уживаат во работата, да откријат нови можности за своја професионална ориентација и да стекнат скапоцено искуство, ги охрабруваме да го пополнат Формуларот за волонтери и да го испратат на:

contact@publicroom.org и sandra@publicroom.org.

Докoлку не користите елекетронска пошта Формуларот за волонтери можете да го испратите и на адреса:

Јавна Соба
Ул Ѓорги Пешков 6, спрат 1
1000 Скопје

За повеќе инфомации можете да се обратите на:
071 231173 или sandra@publicroom.org


Ве очекуваме!
Developed by:
image image image
Friends of Skopje Design Week

Slider.