МАКЕДОНСКИ ДИЗАЈН

- традиција и можности

Формат: презентација
Датум: 8 септември 2012
Време: 12:00 ч
Mесто: Куршумли Ан, Стара чаршија, Скопје
Презентер: професор Елена Никољски
Јазик: Македонски
_________________________________________________________________



Интегралност кај недвижниот

и движниот мебел во

македонската куќа од 19век

и можности за континуитет

Елена Никољски

Симболичното декорирање на движниот и вградениот мебел, во македонската преродбена куќа од XIX век бил процес на експресија на внатрешниот, мисловниот свет со надворешниот животниот. Анализирајќи ја семантиката на декорацијата и потребата да се изрази себеси кај самоукиот мајстор, и тоа преку исцртување, врежување или длабење, резбање на мебелот, се доаѓа до сознанието за свесната потреба кај народот за декорација на своето окружување. Во одредени ситуации и начинот на дизајнирање на рачно изработениот мебел се однесува на истата експресија. Преку кусата диференцијација помеѓу античкиот и христијанскиот контекст, бидејќи тоа се двата модели на изразување на народот од ова поднебје во анализираниот период, се заклучува дека истите непобитно оставиле белези во сите форми на космолошки слики и претстави кај движниот и вградениот мебел во Македонија од XIX век.
Анализирајќи ги од временска дистанца, денес ние сме сеуште обземени од нивната едноставност и убавина, како да се создадени од елементи земени од универзумот, проткаени низ човековата мисла и неговите раце.
Наоѓајќи се во транзициона состојба, квалитетниот однос со традицијата сме го загубиле негде по патот на себеспознавањето и себепоставувањето во современи глобални рамки. Важно е да се разбере дека односот кон традицијата не би требало да биде контрадикторен. Традицијата би требала да биде длабоко всадена во мислата на луѓето и во начинот на живот, па со оглед на тоа да претставува составен суптилен дел и на современите ентериери и дизајн на мебел. Традицијата не би требало ниту да се крева на пиедестал по секоја цена како што тоа се прави во некои земји од Западна Европа на пример, туку треба да се почитува и да се носи со себе во неуморната глобална иднина преместувајќи ја секогаш во се посовремени рамки на егзистенција.

Ве очекуваме!

Macedonian DESIGN -

tradition and posibilities

Format: Presentation
Date: 8 September 2012
Time: 12:00 h
Venue: Kurshumli an, Old Bazaar, Skopje
Presenter: prof. Elena Nikoljski
Language: Macedonian
_________________________________________________________________



Integration between design of

build inand freestanding furniture

in macedonian house from 19

century and posibility for

continuity in contemporary

furniture design

Elena Nikoljski

Мacedonian experience in interior and furniture design in the 19th century accomplished their own continuity. They have developed in a successive manner, from richly structured local and oriental pieces with incorporation of style developed models, taken from the western architecture and Mediterranean, and eventually implementation of these experiences into recognizable local interior and furniture design expressions. The building renaissance enthusiasm in Macedonia starts its uphill development during the first decade of 19th century.
The enthusiasm can be perceived through a large number of eclectic and authentic buildings, interiors and furniture designs that involved Macedonian construction teams.
Considering the importance of the researching methods in interior and furniture design history, the process of discovering the unknown points of this specific development, leads to conclusions, that points to almost two centuries of specific history and traditions. Most significantly, discovering different processes of style transformations in all types of architecture and interior design, remarkably ,,speaks,, about local adaptations and powerful individuality of some of the masters from the period of the 19th century.





We hope to see you soon!