Makedonski rubin

Формат: презентација
Датум: 8 септември 2012
Време: 13:00 ч
Mесто: Куршумли Ан, Стара чаршија, Скопје
Презентер: Деан Скартов
Јазик: makedonski, angliski
_________________________________________________________________

Oд карпа до скапоцен камен

www.mkrubin.com


Не многу земји во светот можат да се пофалат со свој национален скапоцен камен: Австралиски опал, кинески жад, чешки гранат, балтички килибар ... а од неодамна постепено се профилира и Македонскиот Рубин! Одбран како подарок за пријатели или соработници во странство, за спомен за нашите иселеници, кога си доаѓаат дома. Или пак како нова идеја за веренички прстен.
Сето ова започна пред десетина години, со отворањето на дуќанчето за природни минерали и кристали до грчката амбасада во Скопје - `ДЕКО`, кога по десетина години поминати во печењето на овој специфичен занает при ексклузивната колекцијата на италијанскиот кафе магнат Примо Ровис во Трст, Деан Шкартов се враќа дома и започнува со промоција на чудесниот свет на минералите и кристалите. Тој единствен спектар на бои, нијанси и нивни комбинации со уникатни природно создадени геометриски форми бргу ги освојува симпатиите на јавноста, а заради економската исплатливост, активноста се повеќе се насочува кон секторот за поправка и изработка на накит.
`И еден ден еден посетител не` запраша зошто немаме и Македонски Рубин`. Потрагата водеше до сознанието дека Македонија навистина има рубини, кои никогаш не биле третирани на соодветен начин, и дека многу се неповратно загубени. Примероците кои беа проучувани покажаа дека обработени, добро презентирани и спакувани можат да бидат предмет на посебен интерес.
Во светот најпознати се црвените рубини. Но, тие се скапи, а оние, поекономичните многу често се синтетички. Постојат и рубини од економична класа, кои се најчесто со мрко - виолетова боја. Македонскиот Рубин се одликува со специфична малино – розова боја, и со таа карактеристика може да стане лесно препознатлив. А на скалата на скапоцените камења секогаш стои при врвот според важноста, заедно со Сафирот и Смарагдот, одма по Дијамантот. Неговата тврдина е многу висока ( 9 по скалата ан Мос), и по тоа доаѓа одма по дијамантот кој е најтврдиот природен минерал. Тврдите камења тешко се обработуваат, но затоа пак даваат висок сјај, и се многу по отпорни на оштетување, а тоа ја зголемува продажната цена.
Македонскиот Рубин станува и нова база за изработка на препознатлив `made in Macedonia` накит. Особено, вграден во рачно изработен филигран, кој ја изразува умешноста и внатрешниот мир на артистот – занаетчија. А селекцираните примероци со висок квалитет, квалитетно обработени и вградени во рачно изработено злато, стануваат предмет на култен интерес.
Низ призма на кристалотерапијата, се предвидува дека со нашиот интерес и ангажман околу Македонскиот Рубин, може да настане активирање на неговото енергетското влијание, а со тоа и санација на сите трауми кои моравме да ги поднесеме низ историјата и денес, а сепак да останеме човечни и здрави ...

Ве очекуваме!

Macedonian Ruby

Format: Presentation
Date: 8 September 2012
Time: 13:00 h
Venue: Kurshumli an, Old Bazaar, Skopje
Presenter: Dean Skartov
Language: Macedonian, English
_________________________________________________________________

From Rock to Precious Stone

www.mkrubin.com


Not many countries in the world can be proud of their national precious stone: Australian opal, Chinese jade, Czech granite, Baltic amber …and since recently there is also the Macedonian ruby! Chosen as a gift for friends or associates abroad, as a souvenier for our expatriates when they come home. Or as a new idea for an engagement ring.

This started some ten years ago, when the corner-shop for natural materials and crystals, next to the Greek Embassy in Skopje – Deko, was first opened, when after about ten years of mastering this specific craft with the exclusive collection of the Italian coffee magnate Primo Rovis in Trieste, Dean Skartov returns home and starts promoting the miraculous world of minerals and crystals. That unique spectrum of colors, shades and their combinations with inimitable geometric forms created by the nature, soon wins the sentiments of the public, and is mainly directed towards jewelry making.


` Then, one day, a visitor asked us how come we didn’t have the Macedonian ruby `. The search led to the understanding that Macedonia, indeed, has rubies, that were never treated appropriately, and that many were lost forever. The samples studied demonstrated that, once treated, well presented and packaged, they could be subject of special interest.

The red rubies are best known, but they are expensive, and those at lower prices are often synthetic, There are also economy-class rubies that are dark purple. Macedonian ruby has the typical raspberry-pinkish color, and this can easily be its distinguishing feature. And in the hierarchy of precious stones it is always near the peak of importance, together with the sapphire and emerald, right after the diamond. Its hardness is very high (9 according to Moss scale), which places it just after the diamond, which is the hardest natural material. The hard stones are difficult to process and cut, but are, in return, of high gloss and highly resistant to damage, which makes them more expensive.

We hope to see you soon!