До нови пазари преку

саемско претставување

Формат: презентација
Датум: 5 септември 2012
Време: 13 :00 ч
Mесто: Куршумли Ан, Стара чаршија, Скопје
Презентери: Наталија Пунтевска - SIPPO,
Филимена Радоњанин - Фејдом,
Петре Јордев и Тања Јордева – ДИК Фагус
Модератор: Марта Наумовска - Грнарова - Завар дизајн
Јазик: македонски
_________________________________________________________________


Зад успешниот извоз стои комплексен процес. Откога компанијата ќе ги идентификува производите кои сака да ги продава на извозните пазари, таа мора да ги истражи пазарните можности. Овој процес опфаќа значителна доза на запознавање и истражување на пазарот. Потоа, таа треба да разработи производствена стратегија, да ги подготви продуктите за целниот пазар, да ја определи најдобрата стратегија за транспорт на стоките до дистрибутерот кој ќе ги продава на потрошувачите и потоа да го добие финансискиот надоместок.

Трговските саеми и саемските манифестации не смее да се сметаат за изолирани настани за продажба и маркетинг. Тие не се замена за некоја од другите мерки, туку се надополна за сите нив: продажба и дистрибуција, промоција на продажбата, дизајн и развој на производот, логистика и услуги за корисниците. Тие нудат уникатна можност за посетителите, како и за излагачите – да добијат најнови информации за тековната состојба на пазарот или на стопанството во смисла на производство и примена на технологиите.

• Учество на саем: подготовка за учество, настап на саем и чекорите после саемот.
• Претставување на швајцарската програма за промоција на извозот SIPPO.
• Активности на SIPPO и поддршката на македонските производители на мебел.
• Претставување на фирмите на меѓународни саеми (искуство од ИММ Келн) и саемите како алатка за освојување на странски пазари.

Ве очекуваме!

Exhibiting at fairs opens

new markets

Format: Presentation
Date: 5 September 2012
Time: 13:00 h
Venue: Kurshumli an, Old Bazaar, Skopje
Presenters: Natalija Puntevska - SIPPO,
Filimena Radonjanin – Feydom,
Petre Jordev and Tanja Jordeva – DIK Fagus
Moderator: Marta Naumovska - Grnarova -
Zavar Design
Language: Macedonian
_________________________________________________________________


Behind every successful export, there is a complex process. Once the company identifies the products it wishes to sell on the export markets, it must research the market situation. This process involves a significant dose of learning and researching the market. Then, it must develop a production strategy, prepare the products for the target market, decide on the best transport strategy for the goods to reach the distributor who will sell them to the consumers and then to earn its financial rewards.


The trade fairs and exhibitions must not be considered as isolated sales and marketing events. They do not replace any of the other measures, but, rather, complement them all: sales and distribution, sales promotion, design and product development, logistics and customer service. They offer a unique opportunity to the visitors, as well to the exhibitors – to learn the newest information about the state-of-the-art products, market situation or the state of play in the economy, in terms of production and use of technologies.


• Participating in a fair, preparation, exhibiting and follow-up steps.
• Presenting the Swiss Export Promotion Programme - SIPPO.
• SIPPO activities and support to Macedonian furniture producers.
• Presenting the companies at international fairs (experiences from IMM Cologne) and fairs as a tool to win foreign markets.



We hope to see you soon!