Стрип во Македонија

Формат: презентација
Датум: 9 септември 2012
Време: 16:00 ч
Mесто: Куршумли Ан, Стара чаршија, Скопје
Презентер: Aлек Русјаков, Тхе Мичо
Јазик: македонски
_________________________________________________________________

Може ли уметничкото изразување

да стане турбо фолк машина што нема

да ви ги испере мозоците?

Без Цеци и Брени, така новинарката го почна својот прилог за вести, најавувајќи го септемврискиот Пиволенд во Скопје. Демек ваууу, оваа година помеѓу два залака ќебапи и две голтки пиво, нема да се засркнете од кич. Мал чекор за градот Скопје, ама огромен чекор за идното човештво без турбо фолк. А како што вели големиот балкански филозоф Рамбо Амадеус, турбо фолк не се само оние растресени полуголи силиконки кои, ако сте фан на оваа музика сонувате еден ден да ви родат „сина, краља кокаина“, туку многу пошироко, турбо фолкот е цел еден планетарно општествено социолошки феномен, затоа што турбо е мотор со внатрешно согорување, фолк е народ, па сé она што го гори, согорува, пали и изгорува народот, всушност е турбо фолк. Турбо фолк се турските серии, постојаните расправии на власта и опозицијата, опседнатоста со Евровизија, ЕУфоријата околу зачленувањето во Европската Унија која сигурно ќе ве доведе до интелектуална ЕУтаназија, турбо фолк се најгледаните кај нас телевизски вести и сапунски серии што всушност доведува до заклучокот дека кутијата наречена телевизор е најпопуларниот турбо фолк гаџет што когаш-тогаш ќе ви ги согори умот и душата. И каде е тогаш просторот за создавање нешто креативно, интелегентно, уметничко и убаво? Возможно ли е воопшто да создадете нешто силно, поучно, исткаено со уметнички вредности, па истото да стане обожавано и следено од луѓето, а воопшто да не се претвори во турбо фолк феномен што на крајот ќе ве согори? И ако веќе го создадете, каде може да го пласирате уметнички вредното кога галериите се празни, поетски читања никој не посетува, единствените две кино сали се полни холивудски блокбастери (читај турбо фолк), стрипови веќе никој не чита, книжарниците се натрупани со кодови и папи јовани кои ве учат како да станете најуспешните трговци на светот и кога ќе се најдете во безизлез, единственото прашање во тој ќорсокак што си го поставувате гласи, дали може најголемиот турбо фолк гаџет, телевизорот, создаден да информира, а злоупотребен да ви пере мозок, значи дали може преку телевизијата да им се пласира на луѓето нешто што нема да ги согори, туку ќе ги разбуди од овој бесмислен цивилизациски дремеж?

Ве очекуваме!

Strip in Macedonia

Format: Presentation
Date: 9 September 2012
Time: 16:00 h
Venue: Kurshumli an, Old Bazaar, Skopje
Presenter: Alek Rusjakov, The Mico
Language: Macedonian
_________________________________________________________________

Can the artistic expression become a

turbo-folk machine which will not

brainwash you?

Without Cecas and Brenas – this is how the journalist started her news feature, announcing the September Beerland festival in Skopje. Meaning Wooooow!, this year, between two bites of kebab and two gulps of beer, you will not choke on kitsch. A small step for the City of Skopje, but a giant leap for the future humankind without turbo folk. And, as the great Balkan philosopher Rambo Amadeus says, turbo folk are not only those undulating half-naked silicone-upholstered women (if you are a fan of that music, you dream that one day they carry your “son, the king of cocaine), but it goes much beyond that – turbo folk is an entire planetary, societal and sociological phenomenon, because turbo is an internal combustion engine, folk is the people, so everything that ignites, incites, inflames and burns the people is actually turbo folk. Turbo folk are the Turkish TV-series, the never-ending quarrels between the government and the opposition, the obsession with Eurovision song festival, the EUphoria around the EU accession which will certainly lead to intellectual EUthanasia, turbo folk are the highest rating TV news and soap operas which actually leads to the conclusion that the box called the TV is the most popular turbo folk gadget which will sooner or later burn your mind and soul down. And where is, then, the space to create something creative, intelligent, artistic and beautiful? Is it possible, at all possible, to create something strong, instructive, entwined with artistic values, so that it would become adored and followed by the people, without it turning you into a turbo folk phenomenon that will burn you down in the end? And if you do create it, where can you market what is artistically valuable, when the galleries are empty, nobody goes to poetry readings the only two cinema theaters are full of Hollywood blockbusters (aka turbo folk) no-one is reading comics any more, the bookstore(читај турбо фолк), стрипови веќе are choke-full of codes and Pope Joannas, who teach you how to become the most successful tradesman in the world, and when you find yourself with no way out, the only question you ask yourself in that dead-end street is whether that largest turbo folk gadget, the TV set, created to inform, but misused for brainwashing – so, can you send via television something that will not burn down the people, but will, instead, shake them awake from this mindless civilizational nap?

We hope to see you soon!