Од прва до последна

работилница за дизајн на

книги

Формат: отворена работилница
Датум: 6 септември 2012
Време: 16:00 ч
Mесто: Куршумли Ан, Стара чаршија, Скопје
Демонстратор: Небојша Гелевски - Бане
Јазик: македонски
Пријавување: Не е задолжително
_________________________________________________________________

Учесниците на работилницата ќе се запознаат со основите на дизајнот на книгата - корица, внатрешни страни; дизајн на книги - маркетинг и/или уметност; ќе ја збрише ли Kindle печатената книга? Локален контекст - добро и лошо. Практична работа - дизајн на дело од македонски автор!
Небојша Гелевски – Бане, работи како графички дизајнер во дизајн студиото Кома од 1993 година. Посетувал повеќе семинари за графички дизајн и креативно размислување во регионот. Добитник е на првата награда за дизајн и изработка на web апликација на АЕК. Поради огромното искуство во правење книги и публикации (преку 2000), на Skopje Design Week ќе одржи работилница за дизајн на книги.

Небојша Гелевски - Бане
- Директор на дизајн студиото Кома

1984: Со купувањето на Sincler ZX Spectrum 48Kb животот му се менува за 180 степени тоа е почеток на едно долго пријателство.| 1989: Купува Atari STE и првпат почнува да дизaјнира во Calamus (претходница на Corel Draw и Adobe Illustrator&InDesign); Прва направена книга „Марфиеви закони“ – 32 страници испечатени на матричен принтер EPSON LQ – со корица наопаку завртена. | 1993: заедно со двајца другари ја основа Кома. | Тој е еден од основачите на студентското списание „Елфаско“ на Електротехничкиот факултет и дизајнер на првите 20-тина изданија. Се појавуваат и првите клиенти. | 1994: Купува PC 486DX со „неверојатни“ 16MB RAM. | Бројот на задоволни клиенти се зголемува. | Ја среќава најдобрата жена на светот (?!) | Полека, но сигурно станува фонт манијак. | 1995-1997: Учи и работи.| Графички уредник е на списанието Маргина и книгите на издавачката куќа Темплум. |1997: Го прави првиот авторски кириличен фонт „К_Бане“. | 1998: Го победува ракот. | 1999-2006: Расте низ работата.| Меѓу клиентите се вбројуваат бројни меѓународни и домашни организации и фирми. | 2007: Му се раѓа најдобрата ќерка на светот -Филипа. | 2012: Кома лаб има 8 вработени и преку 200 задоволни клиенти, доволна причина Небојша Гелевски да оди на работа со насмевка и да си мрчи по потреба.

Ве очекуваме!

From the first to the last -

workshop on book

design

Format: Open workshop
Date: 6 September 2012
Time: 16:00 h
Venue: Kurshumli an, Old Bazaar, Skopje
Presenter: Nebojsa Gelevski – Bane
Language: Macedonian
Registration: not required
_________________________________________________________________

The workshop participants will have a chance to hear about the basics of book design – cover page, inside pages; book design – marketing and/or art; will Kindle erase the printed book? Local context – good and bad. Practical work – design of a Macedonian author’s book!
Nebojsa Gelevski – Bane works as a graphic designer in KOMA Design Studio as of 1993. Attended numerous seminars for graphic design and creative thinking in the region. He has received the First Place Award for the design and development of АЕК web application. Given his extensive experience in designing and making books and publications (over 2000), he will lead a workshop at the Skopje Design Week.

Nebojsa Gelevski – Bane
- Director of KOMA Design Studio

1984: Buying Sincler ZX Spectrum 48Kb has dramatically changed his life, and that was a beginning of a long lasting friendship.| 1989: He bought Atari STE and for the first time he started to design in Calamus (predecessor of Corel Draw and Adobe Illustrator&InDesign); The first book that he made was “Murphy’s laws“ – 32 pages printed on matrix printer EPSON LQ – with the cover page turned upside-down. | 1993: Together with two friends, he has established KOMA. | He is one of the founders of the students magazine “Elfasko“ at the Electro-technical Faculty and a designer of its first 20 issues. The first clients appeared. | 1994: He bought PC 486DX with “incredible “ 16MB RAM. | The number of satisfied clients has increased. | He met the best woman in the world (?!) | Slowly, but surely he has become a “font” maniac. | 1995-1997: He worked and studied.| He was a graphic editor of the magazine ‘Margin” and of the books of the Printing House Templum. |1997: As author, he produced the first Cyrillic font „К_Бане“. | 1998: He won the battle with cancer. | 1999-2006: Work development.| Among his clients are various international and national organizations and companies. | 2007: The best daughter in the word was born - Filipa. | 2012: KOMA lab has 8 employees and more than 200 satisfied clients, a reason good enough for Nebojsa Gelevski to go to work with a smile and to grumbler when needed.

We hope to see you soon!