Нацртај ми Демократија

Работилница - Нацртај ми Демократија

Формулар за пријавување

ПРЕВЗЕМАЊЕ

Формат: работилница
Датум: 6 - 8 септември 2012
Mесто: Куршумли Ан, Стара чаршија, Скопје
Презентер: Ayse Karamustafa
Јазик: англиски
Пријавување: Краен рок 4 сепрември
_________________________________________________________________

Кампања за човековите права

преку медиумите и графичкиот

дизајн


posterfortomorrow.org

„Нацртај ми Демократија“ претставува дел од најновиот проект „Постер за утрешницата“, кој има за цел да ја поттикне употребата на графичкиот дизајн како алатка за промоција на активното граѓанство и свеста за човековите права. Овој проект финансиски го овозможи UNDEF, Фондот на Обединетите нации за демократски развој, со што тој стана еден од ретките глобални проекти кој е финансиран од таа институција.
Проектот Постер за утрешницата соработува со 16 едукативни институции за дизајн насекаде во светот преку одржување работилници во секоја од овие институции. Работилницата, која ја води меѓународно-признат експерт од областа на дизајнот, се заснова на структуирана педагошка рамка која е создадена токму за оваа цел.
Работилниците на „Нацртај ми Демократија“се бесплатни и се одржуваат во 16 земји во Африка, Азија, Источна Европа и Латинска Америка. Работилниците се наменети за млади графички дизајнери (вклучувајќи студенти и професионалци), како и лица за комуникации од невладините организации.‬‬
Секоја работилница ја води дизајнер едукатор и опфаќа 10-20 учесници. Нашите едукатори имаат развиено добро дефинирана структура на работилницата за да можат да се постигнат максимални резултати.
Целта на „Нацртај ми Демократија“ е да се промовира засилувањето на способностите и капацитетите, како на индивидуално така и на институционално ниво.

Проектот им помага на младите уметници, дизајнери и професионалци во областа на комуникациите да преземат активна улога во сите демократски процеси и процеси поврзани со човековите права, а тоа се прави со тоа што им се помага да го пронајдат својот силен креативен глас и порив. Во оваа смисла, зајакнувањето на положбата и способностите на жените се наоѓа во средиштето на приоритетите на „Нацртај ми Демократија“.
Второ, се потврдува демократијата и отвореното општество преку водење дебата за овие прашања и поддржување поединци членови на општеството кои ќе можат да имаат активна улога во одбрана на овие вредности.

Резимето на проектот е достапно за сите и ги содржи сите информации кои се однесуваат на проектот. Истото, може да се најде на следнава веб-страница: www.posterfortomorrow.org/drawmedemocracy/downloads/en

За да се пријавите, потребно е да го превземете формуларот и да го пратите на е-маил адреса: todmd@posterfortomorrow.org
Вие треба да ги пополните следниве податоци:
• Име
• Презиме
• Возраст
• Занимање
• Телефон
• Адреса

Ве очекуваме!

Draw Me Democracy

Workshop - Draw Me
Democracy

Аpplication form

DOWNLOAD

Format: Workshop
Date: 6 - 8 September 2012
Venue: Kurshumli an, Old Bazaar, Skopje
Presenter: Ayse Karamustafa
Language: English
Registration: deadline 4 September
_________________________________________________________________

A campaign for Human Rights,

through the Media of Graphic

Design


posterfortomorrow.org

“Draw Me Democracy” is Poster for Tomorrow’s latest project aimed to encourage the use of graphic design as a tool to promote active citizenship and human rights awareness. It has been made possible by a funding grant from the UNDEF, the United Nation Democracy Fund, which made it one the few global projects ever financed by that institution.

Poster for Tomorrow collaborates with 16 design education institutions around the world by hosting a workshop in each of them. The workshop, held by an internationally recognised expert in the field of design, is based on a structured pedagogical framework created specifically for this purpose.

DMD workshops are held free of charge across 16 countries scattered around Africa, Asia, Eastern Europe and Latin America. The workshops are addressed to young graphic designers (both students or professionals) as well as NGO communication officers.‬‬

Each workshop is held by a design educator for a group of 10-20 participants. Our educators developed a well defined structure for the classroom work to maximize its benefits. The aim of Draw Me Democracy is to promote empowerment both at the individual and institutional levels.



It helps young artists, designers and communication professionals in taking an active role in all democratic and/or human rights-related processes and it wishes of doing so by helping them in finding their own strong creative voice. In this context, the empowerment of women is at the core of DMD priorities.

Secondly, it reinforces democracy and open society by creating debate around those topics and nurturing members of that society that can play an active role in defending those values.

The brief is available for everyone and it contains all the information regarding the project.
It can be downloaded from here: www.posterfortomorrow.org/drawmedemocracy/downloads/en

To apply you are asked to download the form and to send an email to: todmd@posterfortomorrow.org
You are required to fill in following information:
• Name
• Surname
• Age
• Occupation
• Phone
• Addres

We hope to see you soon!