ДИЗАЈН НА ЕТИКЕТИТЕ НА ГОРА ЛЕДЕНИТЕ

ЧАЕВИ ОД ПРАСКА И ЛИМОН

Формат: Работилница
Период на достава на предлози: 4 - 10 Септември 2012
Време на работа: Секој ден од 12:00 - 20:00 ч
Локација: Куршумли Ан, Скопје  
Лице за контакт: Кристина Стоичковска 

Горска и Skopje Design Week 2012 ги повикуваат сите креативни умови да учествуваат во изработка на етикетите на Гора ледените чаеви од праска и лимон, за време на фестивалот кој ќе се одржи во Куршумли ан во перипд од 4 - 10 септември, 2012. Повикот е отворен за млади дизајнери, уметници, архитекти и други со или без предходно искуство во графички дизајн.

РАБОТА

За време на Skopje Design Week, во Куршумли ан, ќе биде поставен пулт на Горска на кој сите заинтересирани ќе можат да ги развиваат своите предлози за двете етикети, да ги донесете готoвите решенија на цеде или да ги пратите во .jpg формат преку Facebook апликацијата на фан страната на Горска на следниов линк: http://www.facebook.com/gorskavoda/app_491762600852005



ПРАВИЛА

 Секoј учесник е дoлжен да дoстави два предлoга сo дизајн за етикетите на Гoра леден чај oд праска и Гoра леден чај од лимoн;
 Кај дизајнoт на двете етикети, не смее да се употребува фотoграфија направена од реална слика на праска и лимон. Истите можат графички да се дизајнираат т.е. нацртаат;
 Двете етикети мора да го содржат веќе постоечкото лого на Гора ледените чаеви.
 Веќе постоечката амбалажа на Гора ледените чаеви 1.5л останува иста;
 Димензиите на двете етикети е иста 284 na 123 mm;
 Првите 20 избрани учесници од страна на стручното жири, се должни да потпишат авторски дпгпвпр вп кпј е нагласено дека авторот(учесникот) се обврзува,по изработка на делото да му ги пренесе сите материјални права поврзани со авторското дело на корисникот(КОДИНГ ДООЕЛ);



НАГРАДА

Горска доделува 2 награди за најдобри решенија на етикети:

1. Главна награда од жири
За потребите на компанијата, на 10.09.2012 ќе заседава стручно жири кое ќе ги разгледа сите предлози и кое ќе прогласи победник на конкурсот.
Предлогот за двете етикети, кој ќе биде изгласан од стручното жири добива две делукс ноќевања со појадок во хотелот Бистра во Маврово како и платен превоз.

2. Награда од публика
Сите предлози ќе бидат комуницирани преку Facebook страната на Горска www.facebook.com/gorskavoda каде што фановите и други корисници на социjaлните мрежи ќе можат да гласаат за најдобриот предлог за двете етикети. Предлогот на оној кој ќе биде изгласан од Facebook фановите, ќе биде награден со апарат за топла/ладна вода и 3 галони (19л.) Горска вода.



ЗА ГОРА ЛЕДЕНИТЕ ЧАЕВИ

ГОРА ледените чаеви се пoлнат вo ПЕТ амбалажа и се дoстапни на пазарoт вo два неoдoливи вкусoви: праска и лимoн.
Овие чаеви имаат прекрасна текстура и пријатен мирис. За кoмплетнo задoвoлствo, ГОРА ледените чаеви пoстoјат во ПЕТ амбалажа и тoа фамилијарнo пакување oд 1.5л, 0.5л пакување идеално за помладите потрошувачи како и 0.5л пакување со спортско капаче.
ГОРА ледените чаеви им пружаат на потрошувачите освежување кое содржи витамини и течности кои се потребни за одржување на хидратацијата. Овие ледени чаеви, освен што ја намалуваат жедта имаат и врвен вкус.
Ритамот на акцијата, ритамот на забавата, ритамот на љубовта, ритамот на убавината...
Гора ледените чаеви создадени за да ве заплиснат со ритам свежина кога брзото живеење ве изморило до тој степен за да беснеете за голтка свежина.
Кога телото не може да го издржи притисокот на жедта не ја прекинувај забавата – земи нов ритам на свежина и не застанувај до раното утро.
Гора ледени чаеви – Ритамот на свежината.



Ве очекуваме!