Монтесори - Креативни

Работилници за деца

Формат: работилница за деца
Датум: 8 - 9 Септември, 2012
Mесто: Куршумли Ан, Стара чаршија, Скопје
Демонстратор: Македонско - Монтесори

Здружение
Јазик: македонски
Пријавување: Не е задолжително
_________________________________________________________________

МОНТЕСОРИ

КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ

ИМАГИНАЦИЈА

Имагинацијата е менталната моќ која ни овозможува да одиме подалеку од конкретното. Имагинацијата, креативниот квалитет на умот, помага да се генерираат нови идеи, да се бараат нови начини на решавање на фиксните односи. Имагинацијата значи размислување надвор од вообичаените рамки.
Во рамките на „Скопска недела на дизајнот 2012” се организираат Монтесори Креативни Работилници за деца од 4 до 12 години кои ќе ја провоцираат детската имагинација.


Конструкции

Во што можат да се претворат обичните амбалажи? Кутиите, цевките, ќесите можат да станат: нордиски шатор, робот, автомобил, дел од мебел, куќичка за куклата, дел од костимот за маскенбал...


Мозаик

Користејќи ги зрната леќа, грав, пченка, сончоглед, семки... може да создадеме прекрасни мозаици.


Сликање

Обичните графофолии можат да бидат претворени во вистински уметнички дела кои ќе ги украсуваат детските соби.


Моделирање

Глината е прекрасен тактилен медиум. Нејзината тридимензионална природа ги поттикнува децата да размислуваат за структурата, формата и фигурата.


МАКЕДОНСКОТО МОНТЕСОРИ ЗДРУЖЕНИЕ е формирано во февруари 2006 година како невладина, непартиска и непрофитна организација. Основната цел на Здружението е промовирање и развој на Монтесори педагогијата во РМакедонија и пошироко, како алтернативна форма на воспитание и образование.
Монтесори центарот е место каде што децата и нивните родители можат да ја доживеат и живеат Монтесори педагогијата. Тука децата можат слободно да избираат материјали, место и партнер за работа, во Монтесори подготвена околина. Водени од начелото „Помогни ми да го направам тоа сам„ ние ја поддржуваме самостојноста. А секој чекор на самостојност води кон јакнење на самодовербата, сигурноста, мотивираноста за работа, свеста за своите способности и можности, развивање на одговорен однос кон себе, кон другите, кон околината.
Монтесори пристапот од секој аспект ја поттикнува креативноста на децата. Акцентот е ставен на ПРОЦЕСОТ на креирање уметност. Децата се охрабруваат да експериментираат и истражуваат со различните уметнички медиуми.

Ве очекуваме!

MONTESSORI CREATIVE

WORKSHOPS

Format: Workshop
Date: 8 - 9 September, 2012
Venue: Kurshumli an, Old Bazaar, Skopje
Presenter: Macedonian Montessori

Association
Language: Macedonian
Registration: not required
_________________________________________________________________

MONTESSORI

CREATIVE WORKSHOPS

IMAGINATION

The imagination is a mental power which enables us to go beyond “the concrete”. The imagination as a creative quality of the mind helps in generating new ideas and in searching for new ways of handling fixed relations. The imagination denotes thinking outside of the box and beyond usual frameworks.
During the Skopje Design Week 2012, Montessori creative workshops are organized for children at the age of 4 to 12 years, which will provoke children’s imagination.


Constructions

What simple packaging can turn into? Boxes, tubes, bags may turn into: Nordic tent, robot, car, piece of furniture, doll house, piece of a masquerade costume...


Mosaic

Using beans, corn, puppy seeds, pumpkin seeds… beautiful mosaics can be created.


Painting

Regular graphic transparencies may be transformed into real artwork that will garnish children rooms.


Modeling

Clay is a wonderful and tactile media. Its three-dimension nature encourages children to think about the structure, form and figure.



MACEDONIAN MONTESSORI ASSOCIATION was established in February 2006, as a nongovernmental, non-partisan and non-for-profit organization. The main goal of the Association is promotion and development of Montessori pedagogy in Macedonia and broader, as alternative form of uprising and education of children.
The Montessori Center is a place where the children and their parents may feel and directly experience the Montessori pedagogy. There, the children may freely choose the materials, venue and partner for work, in a Montessori-prepared environment. Guided by the principle “HELP me do it by myself”, we support independence. Every independent step leads to strengthening of self-confidence, security, work motivation, consciousness about one’s abilities and opportunities, and responsibility towards oneself, others and the community.
The Montessori approach encourages the creativity of children in every aspect. The emphasis is on the PROCESS of creating art. Thus, children are encouraged to make experiments and to explore with different types of artistic media.


We hope to see you soon!