КАКО ДА СЕ ОТПОЧНЕ ДИЗАЈН

ОД СКИЦИ

Формат: презентација
Дата: 3 Октомври, 2013
Време: 14:00
Место: Куршумли Ан, Стара Чаршија, Скопје
Презентер: Рикардо Капуѕо (Design42Day)
Јазик: англиски
Влез: cлободен
Опис на презентацијата

Од предавањето ќе разбереме како Design42Day стана еден од најпрестижните светски гласови во сферата на дизајнот во рок од 3 години и стана официјален медиумски партнер на некои од најважните дизајн – настани како Неделата на дизајн во Пекинг, Индекс Дубаи, Неделата на дизајн во Москва и наградата за дизајн Ред Дот. Рикардо Капуѕо, основач и уметнички директор на Design42Day ќе ни објасни како и другите дизајнери можат да следат некои од неговите чекори.

За Рикардо Капуѕо

Рикардо Капуѕо студираше визуелен и веб дизајн на Scuola Politecnica di Design во Милано. Во 2004, се пресели во Чикаго на две години, работејќи во една компанија како визуелен дизајнер. Откако сакаше да го смени своето опкружување, тој почна да работи во Истанбул како фриленсер. Од 2006 до 2008, тој наизменично живееше во Истанбул и Милано, каде имаше клиенти. Во 2008, Капуѕо започна блог, зашто не му се допаѓаа магазините што излегуваа. Тој сакаше да го прикаже навистина добриот дизајн, дизајнот на денешнината (the design for today). Она што беше замислено само како хоби, прерасна во вистински веб магазин во 2010. Истата година, Patrick Abbattista (негов соученик од градинка) се приклучи на проектот. За две години, магазинот стана еден од најпрестижните гласови во дизајнот и партнер на Неделата на дизајн во Пекинг, Неделата на дизајн во Москва, , International Talents Support, Istituto Europeo di Design, red dot design award, agIdeas, Adobe Design Achievement Awards, Electrolux Design Lab и многу други. Во 2012 и 2013 Рикардо беше член на жирито на Red Dot наградата за дизајн, во секцијата дизајн на комуникации.

Ве очекуваме!



HOW TO START A BRAND

FROM SCRATCH

Format: Presentation
Date: 3 October, 2013
Time: 14:00
Venue: Kurshumli An, Old Bazaar, Skopje
Presenter: Ricardo Capuzzo (Design42Day)
Language: English
Entry: Free
Presentation description

In the lecture we will understand how Design42Day became one of the most prestigious voice worldwide in design field within 3 years, being official media partner of some of the most important design event as Beijing Design Week, Index Dubai, Moscow Design Week and Red Dot design award. Riccardo Capuzzo, founder and art director of Design42day will explain us how some of his steps can be followеd by upcoming designers.

About Ricardo Capuzzo

Riccardo Capuzzo studied visual and web design at the Scuola Politecnica di Design in Milan. In 2004, he moved to Chicago for two years working for a company as a visual designer. After he wanted to change the environment around him, he started working in Istanbul as a freelancer. From 2006 to 2008, he was living between Milan and Istanbul, as he used to have some clients in Milan as well. In 2008, Capuzzo started a blog as he didn’t t like the available magazines. He wanted to show the real good design available today, the design for today. What was actually just meant to be a hobby turned into a proper web magazine in 2010. The same year, Patrick Abbattista (his classmate in kindergarten) joined the project. In two years, the magazine became one of the most prestigious design voices and a partner of Beijing Design Week, Moscow Design Week, International Talents Support, Istituto Europeo di Design, red dot design award, agIdeas, Adobe Design Achievement Awards, Electrolux Design Lab and many others. In 2012 and 2013 Riccardo has been juror for Red Dot design award in communication design section.

 

We hope to see you soon!