ФРЛАЊЕ СВЕТЛИНА

ВРЗ ДИЗАЈНОТ

Формат: презентација
Дата: 3 Октомври, 2013
Време: 12:00
Место: Куршумли Ан, Стара Чаршија, Скопје
Презентер: Марија Косеска
Јазик: македонски
Влез: cлободен
Организатор: Берин агенција
Опис на презентацијата

Дизајнот е поврзан со прогресивни решенија кои можат да ја променат реалноста, збогатувајќи ни ги животите и правејќи ги поинтересни и подобри. Всушност негова мисија е да го обликува светот кој нè опкружува, правејќи го поудобен и естетски и позитивен, допирајќи ги нашите емоции.

Индустрискиот дизајн како категорија на право на интелектуална сопственост е од огромна важност за луѓето, економијата и културата, и, општо кажано, е влијателен во сите сфери на нашите животи. Важноста на дизајнот е посебно битен фактор во процесот на одлучување кај потрошувачите, кои често ја ценат визуелната привлечност на производот во ситуација кога пазарот нуди цел спектар производи со потполно иста функција. Фактот што естетската привлечност на производот го одредува изборот на потрошувачот, или влијае врз него, на индустрискиот дизајн му додава комерцијална вредност за производот.

Оттаму, заштитата на уникатниот индустриски дизајн исто така претставува награда за креативноста и поттик на економскиот развој, истовремено осигурувајќи економски профит и посебно ексклузивност и единственост на резултатите од креативните идеи и акции, а посебно обезбедувајќи заштита од неовластено копирање или имитација. Пристапот, можностите, фазите и времетраењето на постапката за заштита се од посебна важност за успешна имплементација и почитување на правата за интелектуална сопственост, т.е. индустрискиот дизајн, и ќе биде објаснет во детали. Ќе биде посветено посебно внимание на заштитата на индустриските дизајни во странство, т.е. регионалната и меѓународната заштита на правата – регистрирањето како и трошоците кои би се појавиле како важен фактор во процесот на заштита од страна на подносителите кои глобално ја упатуваат својата визија за нивната инвентивност.

Оригиналните производи на одредени автори или компании добиени на овој начин претставува потврда на верноста кон сопствените вредности, истовремено стекнувајќи и профит, но и емоционалне вредност.

За Марија Ќосеска

Марија Ќосеска е Европски и национален застапник за индустриска сопственост, раководител на одделот за трговски марки и индустриски дизајн во Агенцијата за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО – Скопје. Таа е дипломиран инжинер архитект, а се стекнала со диплома од областа на право на интелектуална сопственост (LL.M.) на ЦЕИПИ Универзитетот од Стразбур. Во моментот таа е магистранд по право на интелектуална сопственост на Правниот факултет Јустинијан I од Скопје.

Нејзината професионална пракса опфаќа различни аспекти на национални, меѓународни и ЦТМ регистрации на трговски марки, индустриски дизајни, правни анализи на трговски марки, индустриски дизајни, права од интелектуалнатa сопственост и арбитражни процедури за заштита на домени. Уште повеќе, нејзиниот ангажман се однесува и на патентна заштита од областа на конструкциите, градежништвото и градежните и конструктивните материјали.

Голем дел од нејзината работа опфаќа консултативни услуги од областа на заштита, имплементација и спроведување на прaвата од интелектуална сопственост, мониторинг управување и евалуација на портфолијата од ИС, застапување пред Царинската Управа во врска со запленување на фалсификувани производи, како и повреда на праватa од ИС. Користејќи ги нејзините сеопфатни знаења од областа на дизајнот, таа исто така врши експертизи за одредување на сличностите или разликите кои се јавуваат помеѓу оригинални или фалсификувани производи, во судските постапки.

 

Образование

1997 – 2004      Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Македонија, Архитектонски факултет
Март, 2007       Професионален испит за Застапник за индустриска сопственост пред Заводот за Индустриска Сопственост на Р.Македонија
Јуни, 2009        Европски патентен застапник – Впишување на листата на професионални застапници пред Европскиот Патентен Завод
2011 – 2012      Диплома од областа на право на интелектуална сопственост (LL.M.) на ЦЕИПИ Универзитетот од Стразбур
2011 -               Магистранд по Право на интелектуална сопственост на Правниот факултет Јустинијан I при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Македонија

 

Работно искуство

Август, 2005 – Фебруари 2006 год. „Дизајн Фантазија“, Скопје, Р.Македонија, - ентериерно уредување, проектирање и дизајнирање на мебел


Април, 2006 - БЕРИН ДОО, Агенција за интелектуална сопственост, Скопје, Р.Македонија

Ве очекуваме!



SHEDDING SOME LIGHT

ON DESIGNS

Format: Presentation
Date: 3 October, 2013
Time: 12:00
Venue: Kurshumli An, Old Bazaar, Skopje
Presenter: Marija Koseska
Language: Macedonian
Entry: Free
Organizer: Berin agency
Presentation description

The design refers to the development of progressive solutions that can change our reality enriching our live and making it more interesting, more reliable and improved. It is actually a mission to shape the world that surrounds making it more comfortable and aesthetically and positive, making an influence on our emotions.

The industrial design as a category of intellectual property right is of enormous importance for the people, economy and culture, as well as in general, influential in all spheres of our lives. The significance of the design is especially important factor in decision-making process among the consumers which often take the visual appeal of a product into consideration in a cases when the market offers a large variety of products with the exact same function. The fact that the aesthetic appeal of a product determines or make influence on the consumer’s choice, an industrial design adds commercial value to a product.

Hence, protecting of a unique industrial design is also a reward for creativity and encouragement for economic development, at the same time ensuring economic profit and especially exclusivity and uniqueness of the results of creative ideas and actions, primarily providing protection against unauthorized copying or imitation. The approach, possibilities, phases and the duration of the procedure for protection, are of particular importance for a successful implementation and enforcement of IP rights, namely industrial design, and will be explained in details. Special attention will be directed towards the protection of industrial designs abroad, i.e. regional and international protection of rights - registration, as well as the amount of expenses that would appear thus as a significant moment in the process of protection by the applicants which direct their vision for their inventiveness globally.

The original work of specific authors or companies obtained in this manner represents an affirmation of being truthful to one's own values while achieving at the same time profit but also an emotional value.

 

About Marija Koseska

Marija Koseska is European and national Patent and Trademark Attorney, working as Head of Trademark and Industrial Design Department at the Intellectual Property Agency BERIN LTD - Skopje. She is a Graduated Engineer of Architecture and has LL.M. degree from the CEIPI University of Strasbourg and Master of Law degree (pending) from the Iustinianus Primus Law Faculty of Skopje.
Her professional practice lies in various aspects of national, international and CTM registrations of trademarks and industrial designs, legal analyses of trademarks, industrial designs, intellectual property rights and arbitration proceedings regarding domain names. Moreover, her expertise also covers patent-related matters in the field of constructions, civil engineering, and buildings and constructions materials.


Marija’s experience also encompasses consultancy in the field of protection, implementation and enforcement of IP rights, monitoring, management and evaluation of IP portfolios, representation in front of the Customs Authorities regarding cases of ceased piracy goods, as well as dealing with infringement of rights. Using her extensive knowledge of design she also provides expertise on the distinction between original and counterfeit products in front of Court authorities.

 

Education
1997 – 2004        University “St. Cyril and Methodius” Skopje, Macedonia, Faculty of Architecture
March, 2007      Professional Exam for Patent, Trademark and Industrial design Attorney in front of the State Office of Industrial Property of R.Macedonia
June, 2009        Entry on the list of professional representatives in front of the European Patent Office (EPO)
2011 – 2012      LL.M. degree, Intellectual Property Law, CEIPI University of Strasbourg  
2011 -               Master of Law, Iustinianus Primus Law Faculty Skopje 

  

Working Experience

August, 2005 – February 2006 Design Fanatasy, Skopje, Macedonia
- Interior designer, project and design of furniture
April, 2006 – present, BERIN LTD Agency for Intellectual property, Skopje Macedonia
- Head of Trademark and Industrial Design department

 

We hope to see you soon!