КАКО ДА СЕ СТАСА ДО

ПРЕСТИЖНИТЕ ПРОДАЖНИ

МЕСТА НА ГЛОБАЛНО НИВО

Формат: презентација
Дата: 4 Октомври, 2013
Време: 14:00
Место: Куршумли Ан, Стара Чаршија, Скопје
Презентер: Игор Пачемски – Џоунс (Yes Master Lingerie)
Јазик: македонски
Влез: Слободен
Организирано од: ПАРК

 

Опис на презентацијата

Игор ќе дискутира за стратегии за развој на производ и за маркетинг и за тоа како  најдобро да се максимизираат силните страни на брендот за да се биде успешен кај престижните продажни места  на глобалниот пазар. Како да се измерат и протолкуваат квалитативните и квантитативните податоци за да се вообличи производот што го нудите, од концептот до крајното продажно место. Разгледувајќи ја и анализата на конкуренцијата и истражувањето за тоа кое продажно место е вистинско за вас, ова предавање ќе покаже како да го развиете својот бренд и да создадете синергија со врвните продажни локации  ширум светот.


ЗА YES MASTER LINGERIE

Основана од Игор Пачемски – Џоунс во 2005, оваа етикета отсекогаш ветуваше дека ќе биде анти-бренд, ставајќи го целосниот фокус врз производот. Лондонскиот дизајнер роден во Македонија, првично предодреден да биде научник и истражувач, го оформи своето образование во Англија, посетувајќи престижно приватно училиште, а потоа студирајќи квантна хемија. Игор навлезе во светот на облеката во тек на стажирањето во сферата на текстилот, со Светската банка, по што следеше неоговото прво вработување, во Lambretta Clothing, каде го измина патот низ сите аспекти на машката и женската облека. Во желбата да работи на поконцептуална линија, Игор во 2002 се приклучи на Coco de Mer, каде се вљуби во интимната облека. По Coco de Mer, следеа 2 години работа во банкарството, каде Игор ја откри својата љубов кон пресметковните табели и својата несимпатија кон корпоративните структури. Размислувајќи, во 2005, каде навистина го влече душата, Игор заклучува дека сака да живее од своето дизајнирање. Првата колекција си го најде патот до Henry Bendel во Њујорк, најдобрите бутици ширум светот и така почна да се пишува историјата. Игор верува во работа во мал тим, во мошне директен контакт со сите кои работат на линијата, а презира принцови и принцези во кули белокосни. Тој живее и дише за својата етикета, а неговата страст кон она што го работи е заразна. 

Моделите на Yes Master се продаваат на modcloth.com, Urbanoutfitters USA – во продавниците и онлајн, KaDeWe, Alsterhaus и Oberpolinger, во најголемиот скандинавски продажен синџир nelly.com, во сите продавници на House of Fraser, на luisaviaroma.com, во Harvey Nichols во Лондон, Манчестер и Дубаи.
Речиси е невозможно да се набројат престижните модни магазини кои го претставиле Yes Master во свои едиторијали.

 

Ве очекуваме!



HOW TO GET INTO

PREMIUM RETAILERS

GLOBALLY

Format: Presentation
Date: 4 October, 2013
Time: 14:00
Venue: Kurshumli An, Old Bazaar, Skopje
Presenter: Igor Pachemski – Jones (Yes Master Lingerie)
Language: Macedonian
Entry: Free
Organized by: PARK

Presentation description

Igor will discuss marketing and product strategies, and how best to maximize the brands’ strengths to be successful with premium retailers on the global marketplace. How do you measure and interpret qualitative and quantitative data to shape the product you offer, from concept to final point of sale. Looking at competitor analysis and research on which retailer is right for you and your product, this lecture will show how to develop your brand and create a synergy with premium retailers around the world.


ABOUT YES MASTER LINGERIE

Started by Igor Pachemski-Jones in 2005, the label always promised to be an anti-brand, putting its full focus into product. The Macedonian born, London based designer, originally destined to be a research scientist, was educated in England, attending a prestigious public school and later reading quantum chemistry at University. Igor cut his teeth in the apparel world during a textile internship with the World Bank followed by his first job in Lambretta Clothing, working across all aspects of menswear and women’s wear. Wanting to work on a more conceptual line, Igor joined Coco de Mer in 2002, where he fell in love with lingerie. After Coco de Mer, a 2 year stint in banking followed, where Igor discovered his love for spreadsheets and his dislike for corporate structures. Igor did a bit of soul searching in 2005 and decided that he wanted to design for a living. The first collection found its way to Henry Bendel in New York, the best boutiques across the world and the rest is history.
Igor believes in having a small team, a very direct contact with everyone working on the line and despises princes/princesses in ivory towers. He lives and breathes the label and his passion for what he does is infectious. 
Yes Master collections are sold at modcloth.com, Urbanoutfitters USA – in store and online, at KaDeWe, Alsterhaus and Oberpolinger, at the biggest Scandinavian retailer nelly.com, in all House of Fraser stores, at luisaviaroma.com, at Harvey Nichols in London, Manchester and Dubai …
It is virtually impossible to mention all prestigious fashion magazines that have featured Yes Master in their editorials.

 

We hope to see you soon!