ИСКУСТВА ОД РАБОТИЛНИЦА

ЗА ДИЗАЈН НА МАКЕДОНСКИ

МЕБЕЛ

Формат: презентација
Дата: 2 Октомври, 2013
Време: 16:00
Место: Куршумли Ан, Стара Чаршија, Скопје
Презентери: Филимена Радоњанин и Сергеј Петровски
Влез: Слободен

 

Опис на презентацијата

Работилницата за дизајн на македонски современ мебел, во рамки на проектот “ШАБЛОНИ”, е директен одговор на претходно споменатите факти и е резултат на свеста на една дизајн‑менаџмент структура за потребата ургентно да се креира една здрава, органска релација помеѓу дизајн секторот и мебелопроизводителите. Воочливо е дека во овој проект појдовна точка е желбата за креирање на производи кои ќе имаат пазарна перспектива.
Овие 13 прототипи на македонски мебел ја имаат таа посакувана перспектива.  Вистинскиот  пласман на секој од производите поединечно е тешко да се предвиди, зашто тој зависи и од индивидуалните квалитети на производот, од доследноста на идејата и од вештините за комуникација и маркетинг, како и од зрелоста на пазарот, но она што со сигурност може да се каже е дека Македонија добива продукт дизајн сцена, која досега не постоеше од повеќе причини.
Во соработка со производствените компании за мебел Фејдом и Дамико, овие 13 парчиња мебел со наш автохтон дизајн се борат за иднина со македонски потпис, преку продажниот асортиман на македонските мебел производители или веќе афирмирани индивидуални брендови. 

Дизајнери:  Натали Ристовска и Мики Стефаноски, Бојан Илиевски, Никола Војнов и Александар Дудески, Кирче Стојоски, Марија Јанческа и Драган Гавровски, Билјана Стојановска, Дејан Спасовиќ, Тања Добровоцка, Агнеса Сарачини, Далибор Вучиќ, Филип Конески, Тамара Георгиевска, Марија Христовска
Ментори:  Филимена Радоњанин и Питер ван дер Вејн
Техничка поддршка: Сергеј Петровски
Организатор:  Јавна Соба, Скопје
Инвеститори: Амбасада на кралство Холандија, Министерство за култура на Република Македонија
Партнер организации: Фејдом, Дамико, Завар дизајн

 

Ве очекуваме!



EXPERIENCES OF MACEDONIAN

FURNITURE DESIGN

WORKSHOP

Format: Presentation
Date: 2 October, 2013
Time: 16:00
Venue: Kurshumli An, Old Bazaar, Skopje
Presenters: Filimena Radonjanin and Sergej Petrovski
Entry: Free

 

Presentation description

The contemporary Macedonian furniture workshop, organized within the PATTERNS project, is a direct response to the aforementioned facts and is a result of the awareness of a design-management structure of the urgent need to create a healthy, organic relation between the design sector and the furniture producers. It is obvious that a starting point for this project is the desire to create products with a market perspective.
These 13 prototypes of Macedonian furniture have that desired perspective. The actual market success of each of the products individually is difficult to forecast, as it depends on the product’s individual qualities, on the consistency of the idea and on communication and marketing skills, but also on the market’s maturity; but what can be said with certainty is that Macedonia now has a product design scene, which was previously non-existant, due to many reasons.
Produced in cooperation with furniture companies Feydom and Damiko, these 13 furniture pieces with our original design are fighting for a future with Macedonian signature, within the market assortment of Macedonian furniture producers, or as established individual brands. 

Designers: Natali Ristovska and Miki Stefanoski, Bojan Ilievski, Nikola Vojnov and Aleksandar Dudeski, Kirce Stojoski, Marija Janceska and Dragan Gavrovski, Biljana Stojanovska, Dejan Spasovic, Tanja Dobrovocka, Agnesa Saracini, Dalibor Vucic, Filip Koneski, Tamara Georgievska, Marija Hristovska.
Mentors: Filimena Radonjanin and Pieter van der  Vein
Technical support:  Sergej Petrovski
Organizer: Public Room, Skopje
Investors:  Embassy of the Kingdom of Netherlands, Ministry of Culture of the Republic of Macedonia
Partner organizations:   Feydom, Damiko, Zavar Design

 

 

We hope to see you soon!