ПРОДУКТ ДИЗАЈН – УБАВИНА

ИЛИ ФУНКЦИОНАЛНОСТ

Формат: презентација
Дата: 3 Октомври, 2013
Време: 13:00
Место: Куршумли Ан, Стара Чаршија, Скопје
Презентер: Глигор Дачевски
Влез: Слободен
Опис на презентацијата


При дизајнирање на продукти дизајнерите со префинето чувство за убавина и складност се фокусираат на самиот облик, боја и форма со цел продуктот да му биде привлечен на корисникот од естетска гледна точка.
При дизајнирање на продукти инженерите се фокусираат на функционалноста при користење на продуктот, за нив добриот продукт треба да се користи лесно, едноставно и да не се расипува.
Се поставува прашање дали се можни и двете – убавина и функционалност?
И уште повеќе -  дали е возможно при дизајнирањето да се води сметка и за оптимизација на производствениот процес.
Се’ ова е можно, изводливо, а уште повеќе: препорачливо.
Предавањето ќе се фокусира на практични примери од искуството на предавачот и други компании, како и чекорите за добивање оптимален дизајн од сите аспекти.

Crowdfunding  - можност за финансирање иновативни дизајнерски производи
Crowdfunding (финансирање од толпата, масата) е концепт на финансирање на производи, кампањи, уметнички дела и сл. преку директно донирање на средства на авторот, вообичаено преку интернет. За разлика од традиционалните начини на финансирање како кредит од банка или инвестиција од акредитиран инвеститор, кај crowdfunding производот е ставен директно пред заедницата на крајни потрошувачи и тие одлучуваат за неговиот краен успех или неуспех.
Најпознати платформи се Kickstarter   и Indiegogo.
Ingiegogo е првиот crowd funding сајт. Неговата најдобра страна е што е отворен за сите и проектите лесно се објавуваат. Дури нуди можност за креаторот да ги подигне парите иако не ја исполнил целта за достигнување на одредена сума.
Kickstarter е најголемата заедница за crowd funding. Иако најпознат и многу посетуван, то,ј за жал, е отворен само за граѓаните на САД, Канада и Велика Британија.
Кај двете компании објавувањето на проект е бесплатно.  
Меѓутоа, без разлика која платформа ќе ја одберете за реализација на вашиот проект, ќе Ви треба константна и исцрпна онлајн маркетинг кампања за да постигнете забележителен успех.  Целта е да стигнете до што е можно поголем број потрошувачи од вашиот пазарен сегмент додека трае кампањата.

 

Глигор Дачевски
Глигор Дачевски има над 20 години искуство во индустријата на софтвер. Основач е и/или главен извршен директор на 4 старт-ап компании.

Основач е и поранешен ко-сопственик на Seavus Group, најголемата компанија за ИТ-консалтинг и софтверски услуги во Македонија. За пет години ја изгради компанијата од 0 до 100 програмери и други професионалци, без дополнителни инвеститори, финансирање, заеми или владина помош, со чист органски развој. Во 2006, тој беше коосновач и ја водеше скопската канцеларија на холандската компанија Applify, се’ до  2009.

Како резултат на својот исклучителен интерес за нови технологии и на појавата на смарт телефони, тој решава да создаде компанија што ќе ги искористи новите пазарни трендови. Резултат беше CreationPal, компанијата што ја разви првата крос-платформ апликација за фитнес во светот - SportyPal. Во тек на развојниот процес, компанијата изгради огромна база на знаење за развој на  крос-платформ апликации, доволно широка за да се започне целосно нов проект наречен DoxOut. Визијата зад DoxOut е да се постават нови стандарди во развојот на крос-платформ апликации и да се унифицира корисничкото искуство без оглед на платформата.   
www.linkedin.com/in/gligordacevski

 

DoxOut
DoxOut е старт-ап со седиште во Скопје. Компанијата разви водечка и досега невидена технологија за развој на крос-платформ апликации што овозможува 90% од кодот да се споделува на сите платформи. Со ова, развојот на апликации трае со часови, наместо со седмици. Оваа технологија е искористена за развој на првиот крос-платформски офис пакет, интегриран со клауд, со ист кориснички интерфејс и UX - DoxOut. DoxOut беше финалист на GigaOM’s LaunchPad во Амстердам, во октомври  2012.
Наскоро, компанијата ќе ја промовира DoxBee, апликација за соработка на документи без административниот товар на системи за управување со документи, претрупани сандачиња и еднонасочни апликации за споделување на апликации.
DoxOut е препознаен како „партнер во иновации“ од страна на Македонски Телеком и T-Mobile Македонија. 

 

Ве очекуваме!



PRODUCT DESIGN – BEAUTY

OR FUNCTIONALITY

Format: Presentation
Date: 3 October, 2013
Time: 13:00
Venue: Kurshumli An, Old Bazaar, Skopje
Presenter: Gligor Dachevski
Entry: Free

 

Presentation description

 

When designing products, designers with refined sense of beauty and harmony are focused on the shape, colour and form, in order to make the product appealing to the user from the aesthetic viewpoint.
When designing products, engineers are focused on functionality in product usage,; for them, a good product must be user-friendly, simple and failure-free.


The question is: are both possible – beauty and functionality?
And additionally – is it possible, during the design stage, to take care to optimize the production process?
It is all possible, feasible, and, even more - recommendable.
The  presentation will focus on practical examples from the experience of the presenter and other companies, as well as the steps to get to design that is optimal in all respects.

 


Crowdfunding – How to finance innovative design products
Crowdfunding is a concept of financing products, campaigns, artworks, etc, through direct donation of funds to the author, usually via Internet. As opposed to traditional funding modalities, as a bank loan or an investment by an accredited investor, with crowdfunding the product is facing the community of end-users directly and they decide on the ultimate success or failure.


Best-known platforms are Kickstarter   and Indiegogo.
Ingiegogo is the first crowdfunding site. Its best aspect is that it is open to everyone and projects are easy to publish. It even offers the possibility for the creator to withdraw the money, although the target amount had not been reached.
Kickstarter is the largest crowdfunding community. Although best-known and with many visits, it is unfortunately opn only for citizens of USA, Canada and Great Britain.
With both companies, project publication is free-of-charge.  
However, regardless of the platform you choose to fund your project, you will need a constant and exhaustive online marketing campaign if you want to have notable success. Your aim is to reach as many consumers from your market segment as possible, for the duration of the campaign.


Gligor Dacevski
Mr. Gligor Dacevski has more than 20 years of experience in the software industry. He is the founder and/or CEO of 4 start ups. 

He founded and co-owned the Seavus Group, the biggest IT consulting and Software Services Company from Macedonia. In 5 years he built the company from 0 to 100 developers without additional investors, funding, loans or governmental help, by only pure organic growth. In 2006, he cofounded and led the Skopje office for the Dutch company Applify until 2009.

As a result of his profound interest in new technologies and the emerging of smartphones he decided to create a company that will take advantage of the new market trends. The result was CreationPal, a company that developed the first cross platform fitness app in the World - SportyPal. During the development process, the company built an immense knowledge base in cross platform app development, wide enough to start a completely new project called DoxOut. The vision behind DoxOut is to set up new standard in cross platform app development and unified user experience across platforms.   
www.linkedin.com/in/gligordacevski

 

 


DoxOut
DoxOut is a startup headquartered in Skopje, Macedonia. The company developed a breakthrough cross-platform application development technology that enables sharing of 90% of the code base across platforms. With this, the development of applications takes hours instead of weeks. The technology is utilized into the development of the first cross-platform office suite integrated with Cloud with the same UI and UX - DoxOut. DoxOut was a finalist at GigaOM’s LaunchPad in Amsterdam in October, 2012.
Soon, the company will launch DoxBee, a document collaboration app without the administrative overhaul of document management systems, cluttered email inbox and one way web file sharing apps.
DoxOut is recognized as an “Innovation Partner” by the Macedonian Telekom and T-Mobile Macedonia. 

 

 

We hope to see you soon!