ПОЕТИЧЕН ДИЗАЈН

Формат: Работилница за графички дизајн
Дата: 2 – 4 Октомври, 2013
Време: 12:00
Место: Куршумли Ан, Стара Чаршија, Скопје
Ментор: Небојша Гелевски и Јасна Шоптрајанова
Поезија од:
Ана Голејшка, Илина Јакимовска, Дарко Лешоски, Игор Исаковски,Јовица Ивановски
Јазик: македонски
Пријавување: задолжително
Број на учесници: ограничен
Рок на пријавување: затворен
Опис на работилницата

Работилницата е отворена за графички дизајнери, студенти по архитектура, дизајн, модно креирање, како и аматери кои поседуваат основни технички предзнаења.
На почетокот на работилницата ќе генерираме идеи за претставување на поезијата преку креативни визуелни форми (1ва средба 1,5 час). Во втората фаза на работилницата дизајнерите независно (или во групи, по своја желба)  ќе работат  на практично осмислување на производи. По оваа фаза ќе имаме средба во која ќе го анализираме развојот на прозиводите од Поетичен дизајн (2ра средба 1,5 час) . Дизајнерите продолжуваат со работа и финалните идеи ги презентираат на третата среба, каде што сите заеднички правиме евалуација и дискусија за изготвените решенија (3та средба 1,5 час.)
Ќе се работи без ограничувања во поглед на формата, медиумот и техниката, со цел да се прибере широк круг решенија со висок квалитет на дизајнот и со зачувана и пренесена поетска емоција.
Успешните решенија, по оцена на менторите и застапените поети, ќе се произведат и ќе се изложат и продаваат во Македонија и странство, како културни сувенири.
Процесот на усовршување на решенијата создадени во тек на работилницата и дизајнирање предмети инспирирани од поезија ќе продолжи и по завршувањето на СНД 2013.

Поезијата е меѓу уметностите со највисоки дострели во Република Македонија, нејзино препознатливо културно наследство, од безимените народни поети, преку поетите на преродбата, до поетите на денешното време кои се мошне читани и преведувани насекаде во светот, рамо до рамо со врвните имиња на светската поезија.
Исто така, многумина ја знаат Македонија токму по Струшките вечери на поезијата, еден од најценетите поетски фестивали на светот, со долгодецениска традиција.

Меѓутоа, и покрај сево ова, поезијата воопшто не е застапена во понудата културни сувенири од Македонија, а поетските книги се печатат во мали тиражи кои тешко го наоѓаат својот пат до домашиот читател. Сепак, неколкумината поети кои објавуваат на социјалните мрежи добиваат широка публика и култен статус, што укажува дека е потребна нова стратегија за промоција на поезијата, во согласност со новото време.
Една од целите на проектот е да се надмине сликата за поезијата како елитна и недостапна уметност, достапна само во осаменост на домот или на поетски читања. За разлика од читањата кои траат само час или два, тука избор од поезијата би бил изложен и достапен во многу подолго времетраење и во понеформална атмосфера. Исто така, проектот одговара и на критиките од спротивниот крај на спектарот, за банализирање на поезијата преку објавување на нестандардни медиуми, покажувајќи дека вистинските вредности не зависат од „носачот“, а воедно претставуваат инспирација за создавање нови креативни дела.

 



Инструкции за испраќање на апликацијата

Ве молам, пополнете го формуларот за пријавување, снимете го како Вашеиме_вашепрезиме.doc и испратете го на jasnashv@gmail.com најдоцна до 12:00h на 30.09.2013.

 

Лице за контакт:

Јасна Шоптрајанова

jasnashv@gmail.com

Ве очекуваме!



POETIC DESIGN  


Format: graphic design workshop
Date: 2 - 4 October, 2013
Time: 12:00
Venue: Kurshumli An, Old Bazaar, Skopje
Mentors: Nebojsha Gelevski and Jasna Shotrajanova
Poetry by: Ana Golejshka, Ilina Jakimovska, Darko Leshoski, Igor Isakovski, Jovica Ivanovski
Language: Macedonian
Application: Mandatory
Number of Participants: limited
Deadline for application: Closed
Workshop description

This is a workshop for graphic designers, architecture, design and fashion students, as well as amateurs who possess basic technical skills and love for poetry.

At the beginning of the workshop, we will generate ideas on how to present poetry via creative visual forms (1st meeting 1,5 hours). In the second stage of the workshop the designers will work individually, or in groups (as they wish) to develop product ideas. After this stage, we will have meetings where we will analyse the Poetic Design products development (2nd  meeting, 1,5 hours) . Designers will continue working and will present their final ideas on the third meeting, where we will jointly evaluate and discuss the proposed solutions (3rd meeting 1,5 hours.)
.
During the brainstorming stage there will be no limitations regarding the format, medium and technology, in order to gather a broad range of solutions with high design qualities and which preserve and communicate the poetic emotion.

The process of perfecting the solutions created during the workshop and designing objects inspired by poetry will continue after SDW 2013 closes.

Successful designs, decided by the mentors and featured poets, will be produced and then exhibited and sold in Macedonia and abroad.

Poetry is indivisible part of Macedonian identity and cultural heritage, from anonymous folk poets to contemporary poets translated into many languages, alongside most renowned names of world’s poetry. Macedonia is also known for the Struga Poetry Evenings, one of the most prominent poetry festivals in the world, with a tradition of many decades.
Still, poetry is not present in the offer of cultural souvenirs from Macedonia, and the poetry books have difficulties in finding their ways to the readers. However, poets who publish on social networks have gained broad recognition, wide audience and even cult status, which indicates the need to look for new strategy for promotion of poetry, aligned with the new times.
This would overhaul and upgrade the idea of poetry as elite and inaccessible art form, available only in the solitude of one’s home or at poetry readings. As opposed to the readings that last for an hour or two, this would create a poetry exhibition that could be displayed and available for a longer time and in a different atmosphere

Also, the project responds to the criticism from the other end of the spectrum, about banalization of poetry, by publishing it at non-standard media, showing that the real value is not tarnished by the “media”, and is also inspiration to develop new creative works.

 

 

Instructions for sending the application

Please fill in the application form, save it Yourname_Yoursurname.doc and send it to jasnashv@gmail.com before 12:00h, 30.09.2013.

CONTACT DETAILS

Jasna Shoptrajanova

jasnashv@gmail.com

We hope to see you soon!