РЕДИЗАЈН НА МАКЕДОНСКАТА

ТРАДИЦИОНАЛНА КУЈНА

РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕЦА ВО СОРАБОТКА СО ОУ,,КОЧО РАЦИН”-СКОПЈЕ
Формат: Детска работилница
Дата: 5 Октомври, 2013
Време: 12:00 – 14:00
Место: Куршумли Ан, Стара Чаршија, Скопје
Ментор: Петар Лазаров
Влез: слободен
Организатор: Мамас

Опис на работилницата

Сите деца на возраст од 8 до 14 години се добредојдени сами или во придружба на родители да се придружат на работилницата за Редизајн на македонска традиционална кујна. Влезот е ограничен, а оранизаторот обезбедува награда за најдобрите дизајни.

Како и претходните години, MAMA’s (www.mamasfood.mk) - македонскиот бренд на производи од прехрамбената индустрија, подготвени според традиционални рецепти, ја поддржува оваа манифестација, но оваа година поддршката е насочена кон организација на работилница наменета за деца од школска возраст. Идејата е да се разбуди креативноста кај децата, но и да се поттикне уметничкиот однос кон подготовка на храната, дејност која скоро воопшто не е застапена во Македонија.

За таа цел, MAMA’s ја организира работилницата под наслов: “Редизајн на македонската традиционална кујна “ во соработка со децата од ОУ,,Кочо Рацин”-Скопје .

 

Целите на оваа работилница се:

  • Да се разбуди и промовира креативноста кај децата од школска возраст
  • Да се поттикне дизајнот на храна како концепт кој што е малку или воопшто застапен во Македонија
  • Едукација на децата од школска возраст за здравата исхрана
  • Подготовка на храна на забавен и интересен начин
  • Зачувување на традицијата преку автентична адаптација на современите потреби

Во првиот дел од работилницата, готвачите ќе ги едуцираат децата за здравата исхрана, за разни комбинации на состојки и како истите да се искористат за подготовка на вкусна храна.  Во вториот дел од работилницата, децата ќе подготвуваат и дизајнираат храна според нивни идеи и креации. Во третиот дел од работилницата ќе бидат избрани најдобрите дизајни и ќе бидат поделени награди.

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

Надица Чесмаџиска

070306612

Ве очекуваме!



REDESIGNING MACEDONIAN

TRADITIONAL FOOD

Children’s workshop in cooperation with “Koco Racin” primary school – Skopje
Format: Kids workshop
Date: 5 October, 2013
Time: 12:00 - 14:00
Venue: Kurshumli An, Old Bazaar, Skopje
Mentor: Petar Lazarov
Entry: free
Organizer: Mamas

Workshop description

All children aged 8 to 14 are welcome to join the Redesign of Macedonian Traditional Food workshop, alone or accompanied by their parents. The number of participants is limited, and the organizer  has provided awards for the best designs.

 

As in previous years, MAMA’s (www.mamasfood.mk) – Macedonian brand for food products, prepared following traditional recipes, supports the SDW, but this year support is aiming at organizing a workshop for school-age children. The idea is to awaken creativity in children, and also to initiate artistic treatment of food preparation, something that is virtually undeveloped in Macedonia.

For this purpose, MAMA’s is organizing the workshop entitled “Redesigning Macedonian Traditional Food”  in cooperation with the children from Koco Racin primary school in Skopje.

 

This workshop aims to:

  • Awaken and promote creativity in school-age children
  • Stimulate food design, as a concept that is little present in Macedonia, if any
  • Educate  school-age children about healthy nutrition
  • Prepare food in a fun and interesting way
  • Preserve the tradition, through authentic adaptation to modern needs

 

 

In the first part of the workshop, the cooks will educate children about healthy nutrition, various combinations of ingredients and ways to use them to prepare tasty food. In the second part of the workshop, children will prepare and design food based on their ideas and creations. In the third part of the workshop, the best designs will be selected and awarded.

FOR MORE INFORMATION, PLEASE CONTACT :

Nadica Cesmadziska

070306612

We hope to see you soon!