ДЕТСКА РАБОТИЛНИЦА

РЕЦИКЛИРАЈИ СВИРИ

Формат: Детска работилница
Дата: 5 & 6 Октомври, 2013
Време: 10:00 – 14:00
Место: Куршумли Ан, Стара Чаршија, Скопје
Ментор: Дејан Спасовиќ
Јазик: англиски и македонски
Влез: 1.800 денари (вклучувајќи го инструментот)
Број на учесници:ограничен (деца од 10 - 16 год)
Рок на пријавување: 1 октомври 2013
СИМНЕТЕ ГО ФОРМУЛАРОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ


Опис на работилницата

Изработка на музички инструменти од рециклирани материјали, во рамки на работилница за деца, каде тие може да направат сопствени инструменти што едноставно се свират, безбедни се, речиси нескршливи и звучат одлично. Децата најдобро учат преку директно, практично, самонасочено свирење, а, сепак, повеќето инструменти се кршливи и скапи. Малите деца едноставно не можат да свират на нив без некој да ги надгледува и без да ги подучува возрасен. Рециклираните инструменти го решаваат тој проблем и овозможуваат децата да учат за музика и музички инструменти природно – преку слободно, самоиницирано свирење.
Децата уживаат да свират на ваквите инструменти, а истовремено учат како да прават инструменти и да создаваат музика, на неконвенционален начин. Секое дете има можност да го го ослободи музичарот во себе и да се забавува.
Повеќето инструменти ќе бидат направени од обични предмети од домаќинството – тави, цевки, црева, жици и слично. Децата ќе можат да направат од еден до три инструменти коишто ќе можат да ги задржат.
Работилницата ќе се одржува два дена, со траење од приближно 4 часа секој ден. Во тек на овие два дена, децата ќе научат да ги изработат инструментите и да свират на нив. На крајот на работилницата ќе има групна изведба, што ќе биде снимена на аудио и видео.

За ДЕЈАН СПАСОВИЌ

Дејан Спасовиќ е роден 1974 година во Скопје. Дипломира на ФЛУ во Скопје (отсек скулптура) во 1997. Неговиот главен интерес во последниве десет години е фокусиран врз интерактивноста општо, како аудио-визуелни инсталации, интерактивни скулптури и интерактивни уметнички перформанси. Исто така, тој активно се занимава со музика, како композитор и член на неколку музички бендови и проекти, во спектар од традиционална македонска музика до модерен експериментален стил. Последниве неколку години работи и во сферата на креативните индустрии како консултант и обучувач на неколку работилници. Тој развива линија на неконвенционални музички инструменти под брендот „Ракатрак дизајн“.



Инструкции за испраќање на апликацијата

Пополнете ја апликацијат и испратете ја на spdejan@yahoo.comнајдоцна до 1 октомври 2013

 

Лице за контакт:

Дејан Спасовиќ

e-mail: spdejan@yahoo.com

телефон:078 276535

Ве очекуваме!



KIDS WORKSHOP

RECYCLE AND PLAY


Format: Kids workshop
Date: 5 & 6 October, 2013
Time: 10:00 - 14:00
Venue: Kurshumli An, Old Bazaar, Skopje
Mentor: Dejan Spasovic
Language: English and Macedonian
Entry: 1.800 denars (including the instrument)
Number of Participants:limited (kids from 10 - 16 y.)
Deadline for application: 1 October, 2013
DOWNLOAD APPLICATION FORM


Workshop description

Building musical instruments from recycled materials is a workshop for children where they can make their own instruments which are simple to play, safe, almost unbreakable and sound great. Kids learn best through hands-on, self-directed play, yet most instruments are delicate and expensive. Young children simply cannot play with them without close supervision and adult tuition. Recycled instruments solve that problem, and make it possible for children to learn about music and musical instruments in a natural way – through free, self-initiated hands-on play.
Children enjoy playing these instruments and at the same time they learn both how to make instruments and music in an unconventional way. Every child has the opportunity to release their inner musician and have fun.
Most of the instruments will be made out of household items, pans, pipes, hose strings etc. And children can make from one to three instruments which they can keep them for themselves.
The workshop will be conducted in the course of two days, with duration of approximately 4 hours each day. During these two days the children will learn to make the instruments and play on them. At the end of the workshop there will be a group performance which will be recorded on audio and video.  


ABOUT DEJAN SPASOVIC

Dejan Spasovic was born in 1974 in Skopje. He graduated from the Faculty of Arts in Skopje (sculpture department) in 1997. His main interest in the past ten years is focused on interactivity in general, like audio-visual installations, interactive sculptures and interactive artistic performances. He is also actively involved in the music field as a composer and member of several music bands and projects, varying from traditional Macedonian music to modern experimental style. Last few years he is working in the field of creative industries like consultant, and trainer in few workshops. He is developing line of unconventional music instruments under the brand “Rakatrak Design”

Instructions for sending the application

Fill in the application and please send it to spdejan@yahoo.com not later than 1 October, 2013

CONTACT DETAILS

Dejan Spasovic

e-mail: spdejan@yahoo.com

phone:078 276535

We hope to see you soon!