РАБОТИЛНИЦА ЗА ГРУПНА

ИМПРОВИЗАЦИЈА - ДИЗАЈН НА

ЗВУК НА ЧОВЕЧКИ ГЛАС

Формат: работилница
Дата: 30.09- 06.10. 2013
Време: 19:00- 20:30
Место: Јавна Соба (Public Room Promo Center),
сценска изведба – Куршумли ан,
6 октомври, 20:00
Ментор: Катерина Весковска
Јазик: македонски
Регистрација: задолжителна
Број на учесници: Ограничен
Рок на пријавување: затворен

Опис на работилницата

Оваа работилница има за цел да собере на едно место група мулти- талентирани луѓе кои 7 дена ќе функционираат заедно како алтернативен вокален спој, дизајнирајќи различни звучни сензации само со човечки гласови, по принцип на импровизација. Ќе се работи најмногу во насока на групна вокална импровизација, како концепт од голем предизвик за еден вокален уметник, новитет и светски тренд во а- капела музиката . Учесниците ќе се запознаат со основите и особеностите на вокалната импровизација и ќе учествуваат во истовремено создавање моментна музика и сценски перформанс базиран на групна импровизација (со глас и тело), како дел од новоформиран вокално- сценски ансамбл исклучиво со учесници на оваа работилница. Под импровизација ќе се опфати не само интуитивна интерпретација на предметот/ појавата на инспирација и слободна импровизација во џез музиката, туку и начинот на изведба на одреден тон во даден момент, подразбирајќи повеќеслојност и слобода на избор во интерпретацијата. Ќе се опфати и дел од принципите на музичкиот и физичкиот театар, како концепти, најмногу осврнувајќи се на емоционалната експресија и креирање дејство со говор на тело. Со тоа, ќе се направи обид да се создаде поинаков уметнички спој на а- капела музиката и импровизацискиот театар за прв пат на овие простори.
Ќе се работи интензивно, краткорочно и доста креативно, а завршница на работилницата ќе биде јавна изведба- перформанс на дел од усвоените концепти, на последниот ден од Skopje Design Week 2013 во вечерната програма, со што ќе се покажат стекнатите знаења на учесниците. Важно е да се напомене дека оваа работилница промовира „пеење без ноти“, односно избегнување на класичниот приод кон усвојување на музиката и потенцирање интуитивен, повеќе „враќање кон корените“ пристап кон изведбата. Ќе се прескокнат некои од сегментите на класичното групно пеење, како долгорочните подготовки и проби на композиции кои се читаат „од ноти“ и ќе се оди повеќе на моментните доживувања, барајќи инспирација меѓу другото, во околината и нејзино музичко интерпретирање само со човечкиот глас како инструмент.


ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

Сите оние кои поседуваат мулти-талент во изведувачките уметности (музика, театар и танц) и имаат желба да го насочат талентот во еден поинаков уметнички концепт- спој на групна вокална музика (а- капела стил) и театарот. Се поттикнуваат на учество и аматери и професионални музичари, пејачи, танчери, актери, битбоксери и други сценски уметници.


Потребно е учесниците да исполнуваат барем 2 од наведените предиспозиции:

- владеење на повеќе жанрови на пеење (уметничка музика: опера, класично и хорско пеење; популарна музика: рок, аренби, соул, блуз, џез...и традиционална музика: етно, народно пеење)
- „развиен музички слух“ и чувство за одговорност во групно пеење
- способност за имитација на различни звуци (од биолошка и антрополошка природа, но и од механичка и технолошка природа)
- битбокс (човечка ритам-машина)
- присуство на сцена и солидна физичка и емоционална експресија


ЗА МЕНТОРОТ

Катерина Весковска (1982) од Скопје, дипломира (музичка теорија и педагогија) и магистрира (настава по музика со информациско-комуникациска технологија) на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ –Скопје, Македонија. Во моментов е на втори додипломски студии на отсек- соло-пеење на истиот факултет. Своето искуство го гради во повеќе сфери, меѓу другото, како телевизиски музички новинар, музички педагог, хорски диригент, пијано соработник, оперски пејач и вокален тренер по класично и естрадно пеење. Во последните 3 години се насочува повеќе кон усовршување на гласовните способности и изучување различни техники во вокалната интерпретација, особено за цели на групното пеење, преку посета на повеќе семинари, летни академии и работилници за нови трендови во вокалната музика, вокална импровизација и а- капела групно музицирање, од кои позначајни се CHOR CREATIV – Sommerakademie „Singen ohne Noten“ (Berlin, DE); Solevoci A Cappella Camp- Swingle Singers workshop (Firenze, IT). Катерина Весковска е основач и лидер на вокалната групата „Индиго“, со која работи на поместување на границите на вокалната музика и приближување кон светските трендови во а-капела музиката. Со Индиго се јавува како ментор- организатор на работилници за нови техники во а-капела музиката. Во 2012 се испробува како композитор, аранжер и музички директор на оригинално музичко- сценско дело, работејќи на средношколскиот мјузикл „Кревет“ со гимназијата Р.Ј. Корчагин- Скопје, со кој доживува голем успех и на „сцените за возрасни“, преполнувајќи ги салите на Драмски Театар и Универзална Сала. Голема пасија и’ претставува, покрај а- капела музиката, и музичкиот и импровизацкискиот театар како концепт, па во таа насока и ја води работата со вокални ансамбли, преплетувајќи ги двата света, со цел да создаде алтернативен музичко- сценски концепт: a- капела театар.

Лице за контакт:
Катерина Весковска

katerinaveskovska@gmail.com
phone: 075 491699

Ве очекуваме!



GROUP IMPROVISATION

WORKSHOP HUMAN VOICE

SOUND DESIGN

Format: Workshop
Date: 30.09- 06.10.2013
Time: 19:00- 20:30
Venue: Public Room Promo Center,
on-scene performance – Kursumli An,
6th of October, 20:00
Mentor: Katerina Veskovska
Language: Macedonian
Registration: obligatory
Participants: Limited
Deadline for application: closed

Workshop description

This workshop intends to gather a group of multi-talented people who will function together as an alternative vocal ensemble for 7 days, designing various sound sensations using only human voices, by way of improvisation. It will be take mostly the direction of a group vocal improvisation, as a very challenging concept for a vocal artist, a new development and a world trend in acapella music. The participants will learn the basics and specifics of vocal improvisation and will take part in simultaneous creation of music of the moment and performance on scene based on group improvisation (with vocals and the body), as a part of a newly formed vocal-scenic ensemble done exclusively with the participants of this workshop. The improvisation will include not only the intuitive interpretation of the subject/phenomenon of inspiration and free improvisation in jazz music, but also the way a certain tone is performed at a certain time, meaning multi layering and freedom of choice in interpretation. A part of the principles of musical and physical theatre will also be included, as concepts, mostly regarding emotional expression and creating an action using body language. With that, an attempt will be made to create a different artistic combination of acapella music and improvisational theatre for the first time in the region.

The work will be done intensively, short-term, and rather creatively, and the finale of the workshop will be a public performance of part of the assimilated concepts on the last day of Skopje Design Week 2013, as part of the evening schedule, with which the accumulated knowledge of the participants will be showcased. It should be mentioned that this workshop promotes the “singing without notes”, avoiding the traditional approach to music and emphasizing an intuitive, “back to the roots” approach to the performance. Some of the segments of traditional group singing will be skipped, such as long-term preparation and rehearsals of compositions read “by notes” and will be more about the experience of the moment, seeking inspiration from the surroundings and their musical interpretation using only the human voice as an instrument.


WHO CAN PARTICIPATE

Anyone who possesses multiple talents in the performing arts (music, theatre and dance) and want to channel their talents in a different artistic concept- combination of group vocal music (acapella style) and theatre. Both amateur and professional musicians, singers, dancers, actors, beat boxers and other scene performers are encouraged to participate.
Participants are required to meet at least 2 of the following prerequisites:
- mastery of multiple singing genres (artistic music: opera, classical and choir; popular music: rock r’n’b, soul, blues, jazz… as well as traditional music: ethno, folk singing)
- developed musicality (relative or absolute pitch) and a sense of responsibility in group singing
- the ability to imitate various sounds ( biological and anthropological in nature, but also of mechanical and technological nature)
- beat box (human rhythm-machine)
- a stage presence and powerful physical and emotional expression

ABOUT THE MENTOR

Katerina Veskovska (1982) from Skopje, has graduated (music theory and pedagogy) and has received her M.A. (music teaching with ICT) from the Faculty of Music at Ss. Cyril and Methodius University – Skopje. At the moment, she is studying for her second BA – solo-singing at the same faculty. She built her experience in several areas, including, a television music journalist, musical pedagogue, choir conductor, piano accompaniment, opera singer and a vocal trainer in classical и pop-music singing. In the last 3 years she has directed her attention towards perfecting her vocal capabilities and learning various techniques in vocal interpretation, especially for the purpose of group singing, through visiting multiple seminars, summer academies and workshops for new trends in vocal music, vocal improvisation and acapella group musicianship, of which the more significant are CHOR CREATIV – Sommerakademie „Singen ohne Noten“ (Berlin, DE); Solevoci A Cappella Camp- Swingle Singers workshop (Firenze, IT). Katerina Veskovska is the founder and leader of the vocal group “Indigo”, with which she is working on moving the boundaries of vocal music and nearing toward the world trends in acapella music. With Indigo she appears as a mentor-organizer of workshops involving new techniques in acapella music. In 2012 she tried herself as a composer, arranger and musical director of an original musical-scenic piece, working on the highschool musical “Bed” with the R.J. Korchagin-Skopje gymnasium, with which she achieved great success on the “adult scene”, filling the halls of the Dramski Theatre and Universal Hall. Along with acapella music, a great passion for her is the musical and improvisational as a concept, so she leads her work with vocal ensembles in that direction, entwining the two worlds, with the purpose of creating and alternative musical-scenic concept: acapella theatre.

CONTACT INFORMATION

Katerina Veskovska

katerinaveskovska@gmail.com
phone: 075 491699

We hope to see you soon!