КАКО ДА ОБЛИКУВАШ ПАРКИНГ

ЗА ВЕЛОСИПЕДИ?

Формат: работилница
Дата: 3 и 4 Октомври, 2013
Време: 12:00 – 16:00
Место: Куршумли Ан, Стара Чаршија, Скопје
Ментори: Архитектри студио (Дејан Ивановски, Ана Бораниева, Ристо Аврамовски) и Снежана Домазетовска
Јазик: македонски
Пријавување: задолжителнo
Број на учесници: ограничен на 12
Рок на пријавување: затворен
Опис на работилницата

Времетраењето на работилницата ќе се одвива во два дена. Првиот ден ќе има излагање на учесниците, односно секој учесник во работилницата  ќе има 3 минутно предавање / излагање проследено со вкупно шест слајдови за еден избран пример на паркинг за велосипеди во земјава или странство. Во тие 6 слајдови излагачите  ќе треба да  посочат на КВАЛИТЕТИТЕ И НЕГАТИВНОСТИТЕ на посочениот пример. Врз основа на тие презентации учесниците ќе имаат критичен однос кон производот што ќе го создадат  во вториот дел/ден од работилницата. Бројот на учесници ќе биде вкупно дванаесет, поделен во две групи по шест учесници.
На крајот од работилницата SDW 2013 заедно со учесниците во работилницата ќе се обидат да најдат партнер што ја подржува вело културата, и двата продукта што ќе бидат произведени во рамките на работилницата ќе бидат изведени во размер 1:1. Се надеваме дека ќе може истите да ги поставиме некаде во чаршијата!
Единствен услов за пријавување на работилницата е кандидатот да вози точак!

За менторите

Архитектри студио

www.arhitektri.mk

Архитектонското студио Архитектри е основано во 2009 година од страна на тројца архитекти: Дејан Ивановски диа, Ана Бораниева диа, Ристо Аврамовски диа. Основачите на студиото имаат интернационално проектанско искуство во Хрватска , Шпанија и Словенја. Студиото има добиено повеќе домашни и интернационални награди на полето на архитектонскиот и индустрискиот дизајн. Ментори се на повеќе домашни и интернационални работилници и тоа Urban Landscape Operations 2012 година во Севиља, Шпанија. Conteporary interventions in a transforming city 2011 во Скопје, Р. Македонија. Во моментов работат на проекти од приватен и јавен интерес.
Снежана Домазетовска – студент по архитектура
1985    Родена
2004-   Архитектонски факултет Скопје
2009    Работилница за дизајн на паркинзи за велосипеди, Скопје
2010    Работилница Градови и велосипеди, Скопје
2010    работилница за зелени урбани простори во Нитра, Словачка
2011    Работела урбан дизајн и урбанистичко планирање во Оулу, Финска
2012    Учество на Педалафест, Загреб, Хрватска

Инструкции за испраќање на апликацијата

Ве молам, пополнете го формуларот за пријавување, снимете го како Ваше име_вашепрезиме.doc и испратете го на info@arhitektri.mk најдоцна до 12:00h на 30.09.2013.

Контакт

Архитектри студио

info@arhitektri.mk

Ве очекуваме!



HOW TO DESIGN A PARKING

SPACE FOR BIKES?

Format: Workshop
Date: 3 & 4 October, 2013
Time: 12:00 – 16:00
Venue: Kurshumli An, Old Bazaar, Skopje
Mentors: Arhitektri studio (Dejan Ivanovski, Ana Boranieva, Risto  Avramovski) and Snezhana Domazetovska
Language: Macedonian
Registration: mandatory
Participants: up to 12
Deadline for application: Closed

Workshop description

The workshop activities will take place over two days. On the first day, each of the participants will give a three-minute a presentation, with 6 slides, about a selected example of a bike parking space in Macedonia or abroad. In the 6 slides, presenters will need to indicate the QUALITIES and the DOWNSIDES of the selected example. On the basis of those presentations, the participants will develop a critical outlook towards the product they will create on the second day of the workshop.
There will be 12 participants, divided into two groups of 6 participants each.
After the workshop, SDW and the workshop participants will try to find a partner supportive of the bike-culture and organize production of both prototypes in a scale 1:1 and look for a location where they will be installed (preferably somewhere in the Old Bazaar)!
The only prerequisite for participation in the workshop is that the candidate rides a bike!

 

 

About the mentors

Архитектри студио

www.arhitektri.mk

The Arhitektri architectural studio was established in 2009 by the three architects – Dejan Ivanovski, Ana Boranieva and Risto Avramovski. The founders have international experience as architects in Croatia, Spain and slovena. The studio has won several national and international awards in architectural and industrial design. They are mentors at several national and international workshops, among which Urban Landscape Operations 2012 in Sevilla, Spain; Conteporary Interventions in a Transforming City 2011 in Skopje, RM. At the moment they work on project of private and public interest.

 

Snezhana Domazetovska – architecture student
1985                Born
2004-               Faculty of Architecture, Skopje
2009/2010       Workshop for green urban spaces, Nitra, Slovakia
2011                Urban design and urban planning, Oulu finland
2012                Participation at Pedalfest, Zagreb, Croatia

 

 

 

Instructions for sending the application

Please fill in the application form, save it Yourname_Your surname.doc and send it to info@arhitektri.mk before 12:00h , 30.09.2013.

 

Contact details

Arhitektri studio
info@arhitektri.mk

We hope to see you soon!