РАБОТИЛНИЦА ЗА ДИЗАЈН НА

ПРОИЗВОДИ И РЕУПОТРЕБА НА

АМБАЛАЖА

Формат: pаботилница
Датум: 20 - 24 септември  2013
Време: Секој ден  од 9:00 до17:00
Место: Јавна Соба, ул. Ѓорги Пешков 6, кат 1
Ментори: Јана Ацевска и Марта Мојсова
Јазик: Македонски
Краен рок за аплицирање: затворен

Скопската недела на дизајн и винарската визба Тиквеш ги повикуваат креативните луѓе да се пријават на работилницата за реупотреба на амбалажа и креирање на нови производи. Сите кои бараат нова инспирација, уникатна шанса и сакаат активно да учествуваат во креирање на нов еко-дизајниран производ се добредојдени на работилницата реупотреба на амбалажа и изработка на нови производи. Резултатите од оваа работилница ќе бидат изложени на Скопската недела на дизајн во Куршумли ан од 1 до 6 октомври.

ПРОФИЛ НА УЧЕСНИЦИ

Личниот ентузијазам и желбата да се научи и создаде новитет се основни карактеристики кои треба да ги поседува секој учесник. Дизајнери, архитекти, ликовни уметници и други креативци кои имаат интерес да научат и креираат нови производи: предмети за домаќинство и надворешна употреба, накит, декоративни елементи и сл., се добредојдени да се приклучат кон процесот на рециклирање на амбалажа од производите од винарската визба Тиквеш. Не е задолжително учесниците да имаат претходни искуства во полето на рециклирање и еко дизајн. Критериумот за учество не одредува никакви старосни граници, ниту пак поставува ограничувања во национална, верска припадност. Сите креативни и продуктивни лица со желба заучење и создавaње на новитети се добредојдени.

МЕТОДОЛОГИЈА

Во период 20 – 24 септември во просториите на Јавна соба, под менторство на Јана Ацевска и Марта Мојсова, ќе биде реализирана работилницата за рeупотреба на амбалажа и создавање на нови производи со употребна вредност. Учесниците ќе бидат инспирирани да создадат комплетно нови форми и предмети за кои досега и не помислиле дека може да ги направат од амбалажен материјал. Процесот на изработка налага користење на капачиња од шише, затворачи за вино, стелвини, етикети, шишиња, гајби, картонски кутии, дрвени кутии и друг потрошен материјал. Целиот овој процес се очекува да произведе необични парчиња на мебел, помагала, декоративни форми за внатрешно уредување, па дури и накит и слични производи. Менторите во оваа работилница ќе го канализираат кретивното размислување на учесниците во правец на добивање на конкретен производ со употребна вредност.

ИНФОРМАЦИИ

За прашања и дополнителни информации можете да ги контактирате организаторите на

contact@publicroom.org

jana.acevska@kapka.mk

mojsova_marta@yahoo.com

Јавна Соба

ул. Ѓорги Пешков 6, кат 1

1000 Скопје

www.publicroom.org

Ве очекуваме!



PRODUCT DESIGN

AND RE-USE OF PACKAGING

WORKSHOP

Format: workshop
Date: 20 -24 September,  2013
Time: Every day between 9:00 and 17:00h
Venue: Public Room, Georgi Peshkov 6, 1st floor
Mentors:Jana Acevska and Marta Mojsova
Language: Macedonian
Deadline for application: Closed

Skopje Design Week and Tikves Winery invite creative people to apply for Re-use of Packaging and Create New Products workshop. Everyone looking for new inspiration, unique chance and wanting to participate actively in creation of a new eco-designed product is welcome to this workshop. Workshop results are exhibited at Skopje Design Week in Kurshumli An between 1 and 6 October.

 
PARTICIPANTS’ PROFILE

Personal enthusiasm and desire to learn and create something new are features that every participant should have. Designers, architects, visual artists and other creative people interested in learning and creating new products: home appliances and gadgets for outdoor use, jewelry, decorations etc. are welcome to join the process of re-use of packaging of the Tikves Winery products. Participants must not necessarily have prior experience in recycling and eco-design. Participation criteria don’t set any age limits or limitations in relation to national or religious background. All creative and productive individuals wishing to learn and create something new are welcome.

METHODOLOGY

The workshop on Re-use of Packaging and Create New Products will be held during September 20-24 on premises the Public Room, under the mentorship of Jana Acevska and Marta Mojsova. Participants shall be inspired to create completely new forms and objects that no one has thought could be made of packaging. The creation process includes use of bottle caps, wine corks, stands, labels, bottles, crates, cardboard boxes, wooden boxes and other disposable material. This entire process is expected to result in unusual pieces of furniture, utensils , interior design decorations, even jewelry and similar products. The workshop mentors will channel the creative thinking of participants towards final products of real use.

Contact Information

Feel free to contact the organizers at

contact@publicroom.org

jana.acevska@kapka.mk

mojsova_marta@yahoo.com

for any questions or information you might need.


Public Room

Gorgi Peskov 6, 1st floor

1000 Skopje

www.publicroom.org

 

 

 

We hope to see you soon!